Пролетно чистење (втор дел)
Каде да продадете, донирате, рециклирате или фрлите сѐ што не ви треба.
Ова е вториот дел на newsletter-от “Пролетно чистење“. Првиот дел, од 14 април, може да го прочитате овде👇
Овој текст нема намера да зборува за тоа колку ѓубре фрла просечниот Македонец на годишно ниво1, ниту да линка до слики на социјалните мрежи за тоа како „се давиме во ѓубре“. Исто така, овој текст нема намера да ги споредува предностите и недостатоците на некои од системските решенија понудени од државни институции, невладини организации или консултанти.
Овој текст има за цел само да ти помогне на тебе што имаш желба етички и еколошки да се ослободиш од вишокот дома, ама не знаеш баш каде да се обратиш.
Да се потсетиме на „Седумте Р на одржливоста“ 2: Ова се чекорите што може да ги преземете пред нешто да фрлите во ѓубре и прогласите за отпад. Во претходниот newsletter на оваа тема, ги поминавме првите неколку (реупотреби, поправи, пренамени).
Ако ниедно од нив не ви врши работа и не гледате начин како може нештото да се поправи, реупотреби или пренамени и дефинитивно сакате да се отарасите од него, има уште неколку поетички/поеколошки опции пред фрлање во контејнер.
Ако работите се во добра состојба и сакате да продолжат да се користат и понатаму, само надвор од вашиот дом, може да пробате да ги продадете или подарите.
Продај
За парчињата облека што се добри и не ви се за фрлање, може да им го продолжите животниот век така што ќе ги продадете на оnline продавницата Моја Гардероба.
Исто така, креативното студио Комбо одвреме навреме организира “маалски бувљак“ каде може да учествувате со свој штанд на кој ќе продавате ваши работи (облека, ЦДа и книги, уметнички дела, мали парчиња мебел и сл.)
За детски алишта, мебел, додатоци, возила, играчки и сѐ друго, може да се обидете да ги продадете на online продавницата за работи од втора рака Штрк.
Господин Старо Купујем од кај вас дома може да откупи “старо железо, стари акумулатори, стари шпориња, стари перални, стари болјери, цевки, кади, боци и други отпадни работи.“
За сѐ друго, обидете се на pazar3.mk и reklama5.mk.
Донирај
Со неверојатниост пораст на т.н. „брза мода“ животниот век на едно парче облека е нејверојатно краток. Кај нас луѓето најчесто донираат облека, скоро секој од нас има некакво искуство со донирање облека.
Копче е првата опција за донирање облека, додатоци и друго што е во добра и нослива состојба. „Копче“ е социјално претпријатие (дел од Црвен Крст) каде што може да се купи (или добие бесплатно) облека од втора рака. Овде има повеќе информации за тоа како и каде да ги оставите овие работи.
Исто така, постојат и неколку secondhand продавници што примаат донации на облека како што се Save Second-hand и Second Hand Faves.Облеката што е соодветна за матурски може да ја донирате во фејсбук групата Матурски донации 2025.
Мебел и апарати за домаќинство најлесно и најбрзо си наоѓаат нови сопственици преку facebook групи. Дај, не фрлај е најпопуларна и најбројна со преку 70.000 членови, а ако сакате тоа да оди преку хуманитарна организација, Љубезност е една од најактивните кај нас.
За компјутери, лаптопи и друга IT опрема најдобра опција е Донирај Компјутер. Тоа е доброволна акција започната од еден човек (Борче Стаматов) за време на пандемијата. Оттогаш, организацијата има обезбедено над 3000 компјутери на деца и возрасни што не можат да си ги дозволат. Вашата донација може да ја оставите во најблиската продавница на Нептун.
Иницијативата #споделиавторка на мрежата Стела веќе неколку години ги донира вашите книги напишани од жени во јавните библиотеки ширум земјата. Повеќето библиотеки прифаќаат донации во книги, вклучително и сликовници коишто исто така може да ги подарите и на градинки, игротеки и сл.
Ако дома имате поголема количина вишок лекови на кои не им е поминат рокот, може да ги донирате во здружението Љубезност.
Храна, играчки и реквизити за миленици оставете во некои од специјалните куќички во East Gate или Diamond Mall.
Вашите стари ќебиња, чаршафи, јамболии, черги или други топли подлоги може да ги подарите на кучињата во Лајка.
Рециклирај
Кај нас има неколку видови на отпад што може да се селектира и да се фрли во соодветните контејнери. Тој отпад потоа станува суровина за нови производи, и тоа, накусо, е концептот на рециклирање.
Старата облека може да ја оставите во некои од fast fashion бутиците во Еast Gate и City Mall. Вакви имам видено во Koтон, H&M и Зара. Облеката што ќе ја оставите таму не мора да биде од тој бренд.
Вашите отпадни растителни масла за јадење (да не речам зејтин) од дома може да ви ги земе овластениот собирач Sunilens. Ви даваат кофа, и кога ќе ја наполните им се јавувате да ја земат. Дечките што собираат се многу океј и неколку дена однапред ви кажуваат кога ќе дојдат и тогаш доаѓаат, неверојатни нивоа на организираност што уште ниедна карго компанија не може да ги совлада. Плус, за секои собрани 3 литри отпадно масло добивате половина литар сончогледово масло кое може да го задржите за себе или да го донирате.
Пластични шишиња и лименки може да се остават во Пакомак вендинг машини во многу супермаркети низ земјата. Во замена за шишињата добивате поени на нивната Екомак апликација. Поените се заменуваат за ваучери кои може да се употребат за пазарување во супермаркетите во коишто има вендинг машини.
Остатокот од пластичниот отпад и лименките, како и хартија и стакло може да се остават во Пакомак контејнерите што се на отворено и за кои не ви треба никаква апликација. Тие се разликуваат по боја: зелените се за стакло, сините за хартија, а жолтите за пластика и лименки.
Ако имате потешкотии со лоцирање на најблискиот контејнер или вендинг машина, на овој линк може да ги најдете мапите на контејнерите и вендинг машините.
Kомпостирај
Послениот чекор што може да се преземе за органскиот отпад е да се компостира, односно скапе (rot). Остатоци од овошје и зеленчук, лушпа од јајце, талог од кафе, вреќички од чај, леб, суви растенија, хартија и картон, се ова може да се компостира. Наместо да се фрли во ѓубре овој вид отпад (на кој што отпаѓа 40% од домашниот отпад) откако ќе се компостира служи за ѓубриво за било какви садници, цвеќиња, земјоделски производи, тревници и сл. Ако имате дворче со градина и животни, сигурно веќе си знаете што да правите со овој отпад.
Инаку, во Скопје сѐ уште нема јавна компостара во која може да го одложите вашиот биоотпад, ама има ентузијасти што компостираат во дворови, (дури и во станови) па може да го следите нивниот пример. Упатство има тука и тука. Исто така, на 7 мај, Eco-logic организира работилница за тоа како се може да се употреби органскиот отпад.
Фрли (на правилното место)
Дури и отпадот што нема како да се реупотреби и рециклира, не значи дека треба да се фрли заедно со “обичниот“ комунален отпад што завршува во “обичните“ комунални контејнери. Во зависност од тоа што треба да се фрли, може да се потрудиме секој од тие предмети да заврши на правото место.
Електричен и електронски отпад (исто познат и како е-отпад) се сите стари, дотраени или отфрлени уреди кои се поврзуваат на електрична мрежа и/или содржат електронски делови.
Батериите и акумулаторите се сметаат за опасен отпад (заради тешките метали во нив) и не треба да се фрлаат заедно со комуналниот отпад. Според закон, секој што продава батерии мора и да ги собира искористените, што значи вашите батерии (барем во теорија) може да ги фрлите таму каде што сте ги купиле. Листа на сите места каде што можат да се остават батерии има овде.
За ситниот електронски отпад (мобилни телефони, мали куќни апарати како миксери, тостери, фенови, пегли, мали монитори, статични и преносни компјутери, тастатури, глувчиња, кабли, звучници и други слични уреди) организацијата за управување со е-отпад Нула Отпад има поставено повеќе од 150 контејнери низ цела Македонија. Ова е списокот на локации на овие контејнери, последен пат обновен во март 2024.
За габаритниот електронски отпад (фрижидери, шпорети, машини за перење, машини за садови и сл.) побарајте ја Еко Линијата 070 236 000 и Нула Отпад бесплатно ќе го преземе од прагот на Вашиот дом.
Во претходните 3 месеци, Центар, Кисела Вода и Гази Баба секој месец по 5 дена имаа акции за собирање на кабаст отпад во собирните пунктови во Центар, Kисела Вода или Гази Баба. Дали и кога повторно ќе има вакви акции во овие 3 општини не се знае. Општина Аеродром, ќе го собира кабастиот отпад од 5 мај до 22 јуни (за локации и точен распоред видете тука). Во Карпош кабастиот отпад може сами да го однесете до собирниот пункт на „Комунална хигиена“ или ако немате сопствен превоз, да ги ангажирате нив. Деталите се овде.
Во текстилен отпад спаѓа облека, перници, постелнина, јоргани, текстил на метража, пешкири, крпи и сл. Тексомак е овластен колективен постапувач со текстилен отпад. Оваа организација често одржува еднодневни настани за собирање отпад во разни општини, а на нивниот инстаграм профил може да се информирате за идните акции.
На гумите од возила им требаат 50 години да се распаднат во природата. Ако вашите стари гуми не сте ги оставиле таму каде што сте ги купиле новите или ако имате некои неупотребливи гуми по дома, може да ги оставите на некој од собирните центри на Гуматек, организација - колективен постапувач со отпадни гуми. Такви има во Аеродром (на последна 5ка) и во Карпош (кај салата „Борис Трајковски“)
Медицинскиот отпад исто така е опасен отпад и не смее да се фрла заедно со комуналниот отпад. Ова се лекови и друг медицински отпад (искористени игли, шприцеви, сирупи и сл). Иако, во теорија, лековите треба да ги оставите во најблиската аптека, некои од нив (кхм Промедика кхм) нема да ги ви прифатат. Во таков случај најдобро е да прашате во лабораторијата, амбулантата или друга медицинска установа во која најчесто одите и во која и онака собираат медицински отпад. Во ова интервју со Славица Онческа, фармацевтски инспектор во МАЛМЕД може да дознаете повеќе за плановите за управување со овој отпад.
Ако знаете некои места или начини што може да се додадат на овој список, пишете ми коментар, кликнете reply ако ова го читате во вашиот инбокс или испратете мејл на kirilichna@substack.com.
🗞️ Локални вести
Основниот кривичен суд го осуди Стевчо Јакимовски на 3.5 години затвор за две дела – бесправно градење и злоупотреба на службената положба. (Deutsche Welle) Стевчо, “шокиран и крајно изненаден“ смета дека пресудата е политички мотивирана. (360 степени). Ако тоа значи дека човекот што од лани е на црната листа на САД нема да се кандидира за градоначалник по трет пат, и тоа е нешто. 💃
Клиентите на Комерцијална банка се на мета на фишинг напади деновиве. Ако ви стигне мејл во име на банката и ве известува за пристигнат прилив и за трошоци, се работи за измама. (банкарство)
Уште една фишинг измама, оваа со Сетек. Facebook постовите нудат лаптоп за 123 денари. (твитер)
🖍️ Објаснето
Jас последен пат учев макроекономија пред околу 15 години и ме интересираше да чујам малце поиздржани објаснувања за ефектите од трговската војна меѓу САД и Кина и за светската рецесија. А кој подобро да објасни од човекот чија што работа цел животен век беше за пари да објаснува макроекономски појави. (трилинг)
🔗 Вреди да се кликне
Образовни асистенти: Привремена работа, постојан проблем - Призма
Анализа: Економијата со помал раст, инфлацијата и ценовниот притисок ќе се зголеми - Радио МОФ
Македонија затрупана во ѓубре - секој граѓанин просечно создава по 438 килограми отпад - Deutsche Welle
Бизнис со смртта – астрономски цени за гробни места и погреби во Македонија - Види вака
[Став] Бучни места - Радио МОФ
🔗 Вреди да се кликне: Koчани
Третина од фирмите на кои им се одземаат градежните лиценци се неактивни или со блокирана сметка, вели истражувањето на ЦГК - 360 степени
Градежни тендери под прашање по одземањето на лиценците - Призма
Презентиран извештајот за донираните средства на сметката на Црвен крст - Радио Кочани
Иницијатива Кочани: Колку повеќе молчиме, толку повеќе умира Кочани - Радио МОФ
Вардар и Црвена ѕвезда собраа 100.000 евра за Кочани - Либертас
Пет пациенти се враќаат од лекување од Србија, во странство се хоспитализирани 38 пациенти повредени во пожарот во Кочани - Радио Кочани
Мирен студентски собир и 63-минутен молк за загинатите од Кочани - Радио МОФ
Нов протестен марш во Кочани: Дали ќе прикривавте луѓе кои се соучесници на монструмот ако убиените деца беа ваши - Слободен печат
🗓️ Настани
Настани во тек
🖼️ „Моите херои“ изложба на Јана Иванова во Младинскиот центар „Матично“ (до 30 април)
🖼️ Ретроспективна изложба на илустрации на Орде Манески во Сули ан (до 30 април)
🖼️ „Религија, митологија или слободна мисла“ изложба на Трајче Чатмов во Чифте амам (до 4 мај)
🖼️ Изложба „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950“ во Музејот на град Скопје (до 4 мај)
28 април - 4 мај
📽️ Во Cineplexx оваа недела се прикажуваат: A Working Man, The Amateur, Sinners, Drop, Luli & Goni I Lemes иТhe Accountant 2. Од 1 мај ќе може да се гледа и најновиот Марвел филм Thunderbolts* со Florence Pugh, Sebastian Stan и Olga Kurylenko.
28 април (понеделник)
📽️ „Самоуништување“ во Кинотека
📽️ „Тетовирање“ во Кинотека
📽️ The Accountant 2 во Киноверзум
🎭 „Народен пратеник“ во МНТ
🎻 Рецитал на Мицко Дамњановски (туба) во КИЦ
🖼️ „Никогаш незаљубен“ изложба и уметничка средба со Дарко Алексовски во Францускиот институт во Скопје
📖 „Мистериозната Ерин Дум и феноменот 'Солзотворец'“ книжевен разговор со Радица Никодиновска и Весна Мојсова-Чепишевска во Europe House
🎤 „Регенеративна уметност во зачетокот на вештачката суперинтелигенција“ - предавање на Кристоф Тун-Хоенштајн во Музејот на современата уметност
29 април (вторник)
📽️ „Ајде да се запознаеме“ проекции на грчки филмови: „Невести“ во Кинотека
📽️ The Accountant 2 во Киноверзум
🎭 „Парови“ во Драмски
🩰 Отворање на 21-вото издание на Танц Фест во МНТ
🎻 FAME'S Институт и Роман Симовиќ за Кочани во Македонска филхармонија
🎻 ,,Ден на пијаното: Ревијални концерти" во КИЦ
🎤 „Една изложба: Fantastic Art, Dada, Surrealism, МоМА, Њујорк, 1936-37“ предавање на Влада Урошевиќ во Музејот на современа уметност
📖 Клуб на читатели за романот „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“
📖 Книжевна средба со Томислав Османли во СПОНА
📖 Промоцијата на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ во СКЦ
✂️ Работилница за поправка на електрични тротинети во „Ништо ново“
🪧 ,,Марш за ангелите” пред Јавното обвинителство во Скопје
30 април (среда)
📽️ Laura во Кинотека
📽️ Wild Diamond (Diamant brut) во Кинотека
📽️ The Accountant 2 во Киноверзум
🎭 „Пикник на фронтот“ во Драмски театар
🎭 „Сите најубави нешта“ во КСПЦ Јадро
🎭 Онли фанс во Тhe Dude specialty coffee3
🩰 Танц фест: „Рефракции: гласови на светлина и темнина“ во МКЦ
🎻 Today It’s All About Jazz Vol 9: Brian Marsella Trio во МНТ
🎻 Today It’s All About Jazz Vol 9 во парк „Ибни Пајко“
🎸 Kadonnut Manner во Ла Кања
🎸 Концертна промоција: АUM - Grey Heron во Буква
📖 „Клинци“ книжевно читање и изложба во Europe House
🪧 Собир за правда за кучето Феликс пред Основен суд Скопје 2
1 мај (четврток)
🪧 Првомајски протест на ССМ од пред Работничкиот дом
🪧 Првомајски протест - антикапиталистички блок од пред Споменик УРС-ви синдикати
🎸 Efterklang во Public Room
2 мај (петок)
📽️ Kjærlighet/LOVE во Кинотека
📽️ Arizona Dream во Кинотека
📽️ Drop во Киноверзум
📽️ Thunderbolts во Киноверзум
🎭 „Диши“ во Драмски театар
🎸 1000mods во МКЦ
3 мај (сабота)
📽️ The Conversation во Кинотека
🎭 „Драми на принцезите“ во Драмски театар
🎭 „Торонто експрес“ во МНТ
🩰 Танц фест: „Галериска инсталација DANCETECH“ во Чифте Амам (до 6 мај)
🏃 Vivax чистка на Водно 2.0 пред Полициска станица Водно
4 мај (недела)
📽️ Drop во Киноверзум
📽️ Thunderbolts во Киноверзум
📽️ Филмтастична недела во Cineplexx
🩰 Танц фест: ARTissue: Лоза во Чифте Амам
🩰 Танц фест: ARTissue: Lineage ARTissue: Лоза во Чифте Амам
🪁 Детско катче
Ирис Белчева – рекордер читател за предучилишна возраст - Нова Македонија
Зависни од екраните: Мобилните телефони го редефинираат растењето и учењето кај младите - Meта
Етнолошки содржини во списанието „Другарче“ пред повеќе од 30 години - Умно
Во Општина Карпош, кај Комисијата за запишување на ученици, во текот на мај ќе трае уписот на првооделенци со претходно закажани термини во училиштата. (карпош)
„Арс Ламина“ распишa литературен и ликовен конкурс на тема „Читањето е супермоќ“. Крајниот рок за пријавување е 2 мај, а право на учество имаат сите деца од градинките и учениците од основните училишта од целата држава. (умно)
Hack за родителите што помагаат со домашни. (bluesky)
Настани за деца
📽️ Во Cineplexx се прикажуваат филмовите за деца: Snow White, The Day the Earth Blew Up: A Looney Tunes Movie, A Minecraft Movie и Rebellious.
28 април (понеделник)
📽️ A Minecraft Movie во Киноверзум
29 април (вторник)
📽️ The Day the Earth Blew Up: A Looney Tunes Movie во Киноверзум
📽️ A Minecraft Movie во Киноверзум
🛍️ Хуманитарен базар „Мали раце - големи дела“ во ООУ „Крсте Мисирков“4
30 април (среда)
📽️ A Minecraft Movie во Киноверзум
🎻 Today It’s All About Jazz Vol 9: „Џез за деца“ во парк „Ибни Пајко“
🎭 „Свадба на животни и нешта“ во театар „Сенки и облаци“
2 мај (петок)
🎭 „Куќата на духовите“ во Театарот за деца и младинци
📽️ A Minecraft Movie во Киноверзум
3 мај (сабота)
🎭 „Цветната улица“ во Театарот за деца и младинци
📽️ A Minecraft Movie во Киноверзум
438 кг. и пак е помалку од просечниот ЕУ граѓанин.
Во некои верзии овој мнемоник е со 6, 7 или осум Р. Комплетната листа е Rethink, Refuse, Reduce, Reuse, Repurpose, Repair, Recycle, Rot (реобмисли, одбиј, намали, реупотреби, пренамени, поправи, рециклирај, компостирај).
Распродаден настан
Сите собрани средства ќе бидат донирани на настраданите во пожарот во Кочани, преку Support Kocani.