Пролетта симболизира обнова и нови почетоци, па не е чудо ако сте од луѓето што во пролет добиваат желба да го растеретат домот (ако не и животот). Ако планирате наскоро да се ослободите од некои работи што веќе не ви требаат, ова е вашиот корисен водич за тоа од каде да почнете и како најетички и најеколошки да постапите со тоа што сметате дека е за во ѓубре.
Луѓето стануваат сѐ посвесни за штетноста на конзумеризмот и неговите негативни последици за сите нас и за планетата, што популаризира повеќе различни антиконзумеристички трендови. Кога станува збор за за намалување на бројот на материјалните работи дома, постојат неколку популарни правци и школи.
Минимализмот како животен стил подразбира намалена потрошувачка и поседување помалку предмети дома што (барем во теорија) овозможува полесен живот без голема приврзаност за материјалното. Според некои истражувања, ставање фокус на искуствата и вредностите наместо на материјалните работи навистина може да нѐ направи посреќни.
Нула отпад (Zero waste) е филозофија втемелена во практики преку кои се избегнува што е можно повеќе ѓубре. Една од пионерите на ова движење е Беа Џонсон која што во својата книга „Дом со нула отпад“ (Zero Waste Home) пишува за нејзиното лично искуство со примената на оваа филозофија и нуди многу практични совети што секој може да ги примени. Книгата е преведена и кај нас.
„Кон Мари“ методот ги охрабрува луѓето да ги задржат само работите што им „носат радост“ и да се ослободат од останатите. Смислен од јапонската авторка на неколку бестселери и консултантка за расчистување и организирање Мари Кондо, овој метод ги повикува луѓето да се свртат кон работите што навистина ги сакаат и вреднуваат, што потенцијално може да доведе до позитивни промени во животот на поединецот.
Провери пред да фрлиш
Познати и како „Петте Р на одржливост“1 ова се чекорите што може да ги преземете пред нешто да фрлите во ѓубре и прогласите за отпад.
Хиерархијата на менаџирање со отпад се состои од 5 чекори: најпрво да го одбиеме тоа што ни е понудено, потоа да го намалиме тоа што можеме, да го реупотребиме она што веќе го поседуваме, и дури на крај да го рециклираме и компостираме она кое е тешко да не премине во отпад.
Откако веќе е доцна за првиот чекор, може да почнеме со наредните. Првите 3 од нив имаат за цел да ја задржат употребната вредност на предметот.
Поправи
Пред да решите да се збогувате со нешто од дома, добро е да проверите дали тоа нешто прво може да се поправи и да му се продолжи животниот век. Иако се ретки, сѐ уште има мајстори кај кои може да се однесе расипан тостер или правосмукалка. Во Кисела Вода претходната недела се отвори центарот за поправки „Ништо ново“ каде што може сами или со помош на луѓето таму да си поправите што и да ви е расипано по дома. „Ништо ново“ има голем број активности, таму може да изнајмите алат, да бидете дел од разни работилници (за шиење или за поправање тротинети) или да купите производ од социјално претпријатие.
Денес сѐ уште има кројачи и чевлари што можат да поправат скоро сѐ, само треба малку трпение и упорност за да ги најдете добрите. Ако немате искуство и не знаете каде да ги најдете, прашајте ги пријателите или добро разгледајте кога шетате низ маало, на пример само во реонот на Млечен има три кројачки дуќани.
Реупотреби
Еден од познатите примери за реупотреба е користењето колички, точаци или креветчиња за деца позајмени од роднини или купени од втора рака. Ако веќе не сте член на библиотека (одличен пример за реупотреба), може купените и прочитани книги да ги подарите на пријателите. Најраспространет пример е користењето платнени торби за пазарување што скоро сите го прифативме во последните неколку години.
Иако не е многу популарно, и амбалажата од разни производи може да се реупотреби. Ракија во шише од Џони Вокер, сарма во пластично од сладолед и прибор за шиење во лимена кутија од колачи се веќе дел од балканскиот фолклор.
Освен тоа, ако знаете некои производители на храна може да ги прашате дали сакаат да им ги дадете амбалажите што не ви требаат. Ние дома купуваме јајца, сирење, мед и шумско овошје директно од производителите и обично се благодарни што им ги враќаме амбалажите.
Пренамени
Мислам дека нашите баби, па и многу мајки многу добро знаат за ова правило. Баба ми садеше сардели во лимените кутии од сирење, мајка ми ни правеше тефтерчиња за по дома од задната страна на пликовите, јас користам тацни наместо садови за хранење миленици и сите знаеме за патот од маица до крпа.
Освен овие традиционални и low-effort начини на реупотреба, секако постојат и пософистицирани за кои требаат и некакви вештини, ако не и квалификации. Многу луѓе шијат торби од стар џинс, или пачворк прекривки од стара облека. Ова е добар пример за тоа како дизајнерката Ирина Тошева вклопила милјенца со сентиментално значење во облеката на нејзината клиентка.
Наредна недела: Каде може да го продадете, донирате, рециклирате и фрлите тоа што ќе остане откако сте поправиле, реупотребиле и пренамениле сѐ што може да се поправи, реупотреби или пренамени.
🗞️ (Хипер)локални вести
Улицата „Владимир Полежиновски“ (поранешна „Иван Милутиновиќ“) на потегот од Универзална сала кон „Рузвелтова“ сега е еднонасочна улица. (Во одбрана на Буњаковец)
После субвенциите за возачки за тинејџери, Кисела Вода повторно „покажува дека вистински се грижи за граѓаните“. Во градот што редовно е меѓу 10те најзагадени во светот, оваа општина доделува финансиска помош за набавка на огревно дрво. (Кисела Вода)


Новиот концесионер на комплексот „Македонско село“ е „Ла Тераца“ која што ќе го изнајмува за кирија од 3500 евра месечно. Би требало да биде отворен за јавноста од први јуни. (Пари)
Карпош и Кисела Вода ќе постават фотоволтаици на преостанатите неколку основни школи, со што до крајот на годинава сите основни училишта во овие општини ќе имаат фотоволтаични системи. (Карпош и Кисела Вода)
МАРХ ги објави резултатите од нивната онлајн анкета за корупцијата на скопските општини. Анкетата беше насочена кон луѓето што работат во градежната индустрија и нивните искуства при соработката со општините. 100% од испитаниците или лично се соочиле со корупција или „чуле од близок роднина, член на семејството, бизнис партнер или соработник, да имал искуство за изнудување на средства од скопските општини“. Трите најкорумпирани општини се Чаир, Кисела Вода и Карпош.
Од друга страна, скоро 50% од испитаниците не би учествувале во соработка со надлежните органи во „местење" на корумпиран службеник во некоја од општините и скоро 30% не би учествувале во тело кое ќе се бори против корупцијата во градежништвото? (МАРХ)
Градоначалникот на Центар најави дека општината подготвува програма за субвенционирање на стерилизација на домашни миленици. (Локално)
🔗 Вреди да се кликне
Власта ќе им даде на поединци и компании да градат јавни објекти за процент од изграденото - Само прашај
Скроена е новата потрошувачка кошничка, во неа ќе нема алкохол, цигари и летување во странство бидејќи се луксуз - 360 степени
Како соседите се грижат за Дојранско Езеро - Deutsche Welle
Сексуалното насилство помеѓу малолетници е аларм за целото општество - Види вака
Се зголемува капитацискиот бод за лекарите – општите и гинеколозите ќе добиваат по 25 денари повеќе, а стоматолозите по 14 - 360 степени
Урбанизацијата и климатските промени ги зачестија конфликтите помеѓу човекот и дивиот свет - Дома
„Димитар Влахов” – дом на знаење, успех и осамостојување за децата со оштетен вид - Види вака
🗓️ Настани (14 - 20 април)
📽️ Во Cineplexx оваа недела се прикажуваат: A Working Man, Mickey 17, Black Bag, The Amateur, Drop и Šaban Bajramović: My Journey. Од 17 април ќе може да се гледаат и Sinners, унгарскиот Explanation for Everything (Magyarázat mindenre) и француската драма Diamant brut, а од 18 април и албанската комедија Luli & Goni I Lemes.
📽️ The Apprentice во Кинотека (14 април)
📽️ The Amateur во Киноверзум (14 април)
🎭 „Бог на колежот“ во МНТ (14 април)
🎭 „Хинкеман“ во МКЦ (14 април)
🎭 „Сите најубави нешта“ во Јадро (14 април)
🏆 Lab Cup vol.2 – пикадо турнир во Лабораториум (14 април)
📝 Job Fair - Саем за вработување и кариера на Техничко-технолошки кампус (14 - 17 април)
📽️ The Apprentice во Кинотека (15 април)
📽️ The Amateur во Киноверзум (15 април)
🎭 „Ифигенија за ништо“ во Драмски театар (15 април)
🎭 „Центарски улици 3 - Светски ден на уметноста“ на улица „Македонија“ (15 април)
🖼️ Изложба Кристал во Буква (15 април)
📽️ Проекција на документарецот „Планетариум“ и изложба на фотографии и афоризми од Киро Урдин во Литература во Diamond Mall (15 април)
🎤 Од Креативност до кариера: Импактот на вештачката интелигенција на работните позиции во Театар Комедија (15 април)
📽️ The Walk во Кинотека (16 април)
📽️ The Amateur во Киноверзум (16 април)
🎭 „Кафез кај кокони“ во Драмски театар (16 април)
🩰 „Велигденски ритам со Танец’’ во Националната опера и балет (16 април)
🎻 Per aspera ad astra - Велигденски концерт во Филхармонија (16 април)
🎻 Светлост со Ken Vandermark и Paal Nilssen-Love во Кино Фросина (16 април)
🎻 Пролетен концерт на мандолинскиот орекстар “Скопје“ во Музејот на македонската борба за самостојност (16 април)2
🖼️ „Религија, митологија или слободна мисла“ изложба на Трајче Чатмов во Чифте амам (16 април)
🖼️ „Центарски улици 3“ изложба на ученици од ДСУУ „Лазар Личеноски“ во Јадро (16 април)
📖 Промоција на романот „Часови без часовник“ и изложба на слики од Владимир Мартиновски во Литература во Diamond Mall (16 април)
🎸 „Џез, буки, веди“ со Јани Костурски Квартет во Литература во Diamond Mall (16 април)
📖 Орцашка вечер на поезијата во Лабораториум (16 април)
🏃 Хуманитарен фудбалски натпревар Вардар - Црвена Звезда на Националната арена „Тодор Проески“ (16 април)
📖 20 години Македонска марксистичка архива (одбележување и дружба) во Дуња
🎤 Дискусија на тема “Индивидуална и колективна тага” во Јадро (16 април)
🎭 „Фирма“ во Драмски театар (17 април)
📽️ Drop во Киноверзум (17 април)
📽️ Sinners во Киноверзум (18 април)
🎻 Hooverphonic во Филхармонија (18 април)3
🎸 Koнцерт на АRCO во Ла Кања (19 април)
Настани за деца
📽️ Во Cineplexx се прикажуваат филмовите за деца: Paddington in Peru, Sonic the Hedgehog 3, Snow White и A Minecraft Movie. Од 16 април започнува со прикажување анимираниот Rebellious.
📽️ Snow White во Kиноверзум (14 април)
📽️ A Minecraft Movie во Kиноверзум (14 април)
📖 Детски книжевен клуб #12 во Europe House (14 aприл)
🎭 „Што е силеџија?“ во Театарот за деца и младинци (16 април)
🎭 „Свадба на животни и нешта“ во театар „Сенки и облаци“ (16 април)
📽️ Дружба со актерите од „Бунтовната Принцеза“ во Cineplexx (16 април)
🛍️ Делење велигденски пакетчиња во City Mall (16 април)
📽️ Katak: The Brave Beluga во Кинотека (17 април)
🎭 „Супербајкастично“ во Театарот за деца и младинци (17 април)
📽️ A Minecraft Movie во Kиноверзум (17 април)
✂️ Велигденски работилници во City mall (17 и 18 април)
📽️ Rebellious во Киноверзум (18 април)
📽️ A Minecraft Movie во Kиноверзум (18 април)
✂️ Велигденски работилници во Diamond mall (18 и 19 април)
📽️ Rebellious во Киноверзум (19 април)
📽️ A Minecraft Movie во Kиноверзум (19 април)
✂️ Велигденска работилница „Големи и мали“ во Лабораториум (19 април)
Во некои верзии овој мнемоник е со 6, 7 или осум Р. Комплетната листа е Rethink, Refuse, Reduce, Reuse, Repurpose, Repair, Recycle, Rot (реобмисли, одбиј, редуцирај, реупотреби, пренамени, поправи, рециклирај, компостирај).
На влезот на музејот ќе биде поставена кутија во која може да се донира за настраданите од трагедијата во Кочани.
Концертот е распродаден.