Ако една од вашите цели за 2026 е да читате повеќе, стариот добар начин на имање однапред зададено дело што треба да се прочита во одреден временски период (да не речам лектира) сѐ уште функционира. Ако на тоа додадете и имање загарантирано друштво со кое ќе може да разговарате за прочитаното, не е чудо што во последните неколку години се појавија повеќе книжевни клубови во градов.
КП ви ги претставува скопските места за читање и дискутирање (по азбучен ред):
Клубот на читатели на градската библиотека „Браќа Миладиновци“
Клубот на читатели во рамките на кампањата „Читаме современи македонски автори“ е за сите читатели кои сакаат да споделат импресии за книгата на месецот на неформална средба со авторот. Модератори на клубовите се библиотекари. Кампањата постои од септември 2022 и досега се направени 28 разговори и клубови на читатели.
Идејата е библиотеката да го поттикне и зголеми љубопитството за македонските автори и за македонските дела од поновата книжевна продукција. Нашата визија ја темелиме на желбата кампањата да биде поттик и за другите библиотеки и институции кои ќе ја сфатат потребата од поддршка на квалитетните македонски автори, на домашното издаваштво и секако на македонскиот јазик. Кампањата треба да резултира и со зголемен откуп на понови дела од македонските автори - изјави директорката на библиотеката Снежана Стојчевска.
Сите настани на клубот се бесплатни, a на нив може да присуствуваат сите заинтересирани. Библиотеката сѐ уште не ја започнала програмата за 2026, а за тоа која наредна книга ќе биде дел од клубот ќе може да се информирате на нивните профили на instagram и facebook.
Kнижевните кружоци на „Илика“
Книжарницата и издавачка куќа „Илика“ исто така има неколку читачки активности што се дел од нивната редовна програма.
Основачката на „Илика“, Катерина Шекутковска го објаснува концептот:
Кружоците ги започнавме со желба да ги поттикнеме читачката и дебатната култура во нашата средина. Важно ни е да ја поттикнеме љубопитноста кај читателите и да им ги отвориме видиците за невообичаени, но исклучително добро напишани книги.
Покрај книжевните кружоци при кои обработуваме актуелна современа белетристика, во нашата книжарница одржуваме и книжевни чајанки посветени на класични дела. Вистинско бисерче ни е нашиот теориски кружок, посветен на теориски книги кои читателите често само срамежливо ги разгледуваат и не се осмелуваат да им пристапат. Целта ни е, во група од 8 до 14 учесници, да создадеме добра атмосфера за разговор, да понудиме безбеден простор да се поставуваат прашања и, се разбира, пријатно да се дружиме.
Средбите се одржуваат еднаш до два пати месечно, а пријавувањето се одвива преку испраќање на порака на мејл-адресата на книжарницата. Наредната средба е за закажана за 11 март и е посветена на графичкиот роман „Адна“ од Самира Кентриќ
За нивната месечна програма може да се информирате на нивниот инстаграм профил или од месечниот newsletter на кој може да се претплатите со испраќање мејл на ilika.publishing.shop@gmail.com.
Читачкиот клуб на „Медуза“
Читачкиот клуб на онлајн феминистичката платформа „Медуза“ е единствниот клуб фокусиран на есеи. На средбите се читаат феминистички/квир есеи од авторки како Урсула К. Ле Гвин и Одри Лорд, преведени на македонски.
За тоа зошто есеи и како ги избираат, Душица Лазова од „Медуза“ објаснува:
Го одбравме есејот како кратка, но компактна форма, бидејќи го намалува притисокот дека мора да се прочита цела книга за да се учествува, но и ни дозволува да го примениме бавното темпо по кое е препознатлива нашата платформа со тоа што темелно се посветуваме на куси, но податливи текстови за разговор.
Избираме текстови што спекулативно и феминистички ги преобмислуваат начините на кои се изразуваме, размислуваме, живееме, љубиме и се здружуваме и ни нудат алатки/„супермоќи“ како да го испробаме истото во пракса. Есеите се преведуваат за да можеме да ги читаме и на македонски јазик, а потоа каниме личност на која ѝ се блиски темите за кои се пишува за да го води клубот. Во вториот дел од средбата, од дискусија преминуваме на креативни вежби за пишување инспирирани од есејот.
Средбите на клубот се отворени и бесплатни, со претходна регистрација. Може да ги следите на нивниот инстаграм профил за да дознаете за следната средба.
„Book Nook“ Bookclub
Book Nook е најбројниот и најактивен клуб на читатели моментално кај нас. Основан во 2024 од Елена Василевска, а поттикнат од нејзината желба да најде друштво за читање, денес клубот брои над 500 членови кои се дружат на нивните канали. Активностите на клубот вклучуваат месечни селекции на книги, книжевни предизвици и креативни работилници.
За тоа како функционира клубот, Елена вели:
Во клубот тековно секогаш се читаат по неколку книги: една книга што се бира заеднички секој месец, а исто така читаме и помали книги во формат на 48-часовни предизвици, како и подолги книги кои се дел од нашите тромесечни читателски предизвици. Насловите кои ги бираме може да бидат од странски и македонски автори, зависно што ќе се изгласа тој месец. Цело време има ротација на нови наслови и членовите можат да решат што најмногу ги интересира и на која дискусија би сакале да присуствуваат. Нема никакви ограничувања во однос на членството, доколку некој сака да учествува на дискусија, доволно е само да го следи нашиот Инстаграм профил и официјална веб-страна, каде се купува карта за учество на дискусијата. Исто така имаме и посебни Ватсап и Дискорд групи во кои членовите може да се придружат и да си разговараат меѓу себе во посебни групи посветени на различни теми.
Наредната месечна средба на Book Nook ќе биде на крајот на март, за книгата In Defense of Witches на Mona Chollet.
Книжевно - филмскиот клуб „Пат кон Истокот“
„Пат кон Истокот“ постои од лани и е започнат на иницијатива на Пагода и Македонско-јапонското друштво за пријателство и соработка. Книжевниот дел од клубот е посветен на автори од Источна Азија - читање, анализа и разговор за дела преведени на македонски, англиски или други јазици, a се состанува секои 3 месеци
Илина Јакимовска, домаќинката на првaта средба на клубот објаснува:
Инспирација за клубот беше потребата не само од читање, туку и од споделување впечатоци и размисли за прочитаното. На овој начин се додава аспект на социјализација на инаку осаменичкиот чин на читање, кој сам по себе не е лош, но добива нови димензии кога ќе се добие увид во различните доживувања на едно исто дело. Клубот е и за дискусија за гледани филмови, кои најчесто сепак ќе бидат поврзани со книгите од различни жанрови.
Ние сме група луѓе кои би сакале да го споделат својот интерес за овие земји, култури и уметности, секако без да ги романтизираат или идеализираат. Всушност, токму нивните книжевности и филмски продукции се начин да се запознаеме и со помрачните и поскриените делови од нив.
На нивната наредна средба, закажана за 26 април, ќе се дискутира романот The Three-Body Problem од кинескиот автор Liu Cixin.
Помошна табела за брза споредба

📚 Уште читачки клубови
Градов овој месец ќе добие уште еден читачки клуб. Дуото Бучкуруж, новата квир културно-уметничка и едукативна иницијатива, наскоро го започнува првото издание на нивниот тримесечен читачки клуб. Следете го нивниот инстаграм профил за повеќе информации во наредниве денови.
Читачки клуб „Одрадек“ е всушност поткаст за книжевност. Во секоја епизода, домаќинот Никола Гелевски разговара со неколку гости на одредена тема. Добро за ако сакате да слушате дискусија за одредена тема/автор без да учествувате во неа. Најновата епизода е посветена на творештвото на Кирчо Арсовски.
Во комшии, функционира и Книжевен клуб Куманово. Според нивните социјални мрежи тоа е место каде што „се промовира пишаниот збор и се ужива во добра литература.“ Следете ги на facebook или instagram.
🗞️ (Хипер)локални вести
Потпишете ја петицијата против изградба на мала хидроцентрала на реката Блатешница, покрената од иницијативата „За чисто Блатец“.
Киноверзум отвори „подружница“ и во Драчево. Драчево доби кино после 20 години.
ЈСП картичките сега може да се надополнат и онлајн, преку официјалната веб страна skopjebus.mk.
Гази Баба целосно ќе ги покрива трошоците за стерилизација на домашни миленици во 2026. Сопствениците ќе треба да се пријават на јавниот повик и да приложат доказ дека живеат во Гази Баба.
Секоја среда, средношколците добиваат бесплатен влез во Археолошки музеј.
Студентите имаат рок до 5 март да се пријават за субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година. Пријавувањето се прави електронски преку системот „е-услуги“, а право имаат редовните студенти на додипломски студии со исполнети услови за државна поддршка.
Аеродром ќе обезбеди бесплатни логопедски третмани за деца до 6 години од градинките и основните училишта. Услугата ќе биде бесплатна за лицата што ќе добијат соодветна препорака од Центарот за социјална работа на Град Скопје.
Гази Баба исто така ќе субвенционира и вградување на уреди за течен гас, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата. Општината ќе покрие до 50% од трошоците, но најмногу до 18.000 денари по возило. Право на учество имаат жители на општината кои поседуваат возило произведено по први јануари 2007 година.
🔗 Вреди да се кликне
Пороците кај младите во Македонија започнуваат од деветгодишна возраст - Види Вака
За малку марихуана – затвор, за многу – парични казни - Призма
Каде исчезнаа 63.000 луѓе од пазарот на труд во Македонија? - Пари
Македонци на „фармацевтски туризам“ во Косово и во Србија за поевтини лекови - Радио Слободна Европа
(Не)пристапноста низ очите на граѓаните со попреченост - ВидиВака
Хотели под државна капа: Стравови и уверувања - Призма
🗓️ Настани (3 - 15 март)
Листава ќе биде обновувана во текот на оваа и наредната недела, проверете пак.
📽️ Во Cineplexx моментално на редовен репертоар се: „Приказната за Силјан“, „Свадба“, „Приватен живот“, Wuthering Heights, Аvatar: Fire and Ash, Iron Lung. Од 5 март на репертоарот ќе бидат додадени The Bride!, Young Mothers, Последна игра и Sentimental Value, а од 12 март Reminders of Him и One More Game.
📽️ Во кината на Киноверзум во Драчево и Кисела Вода се прикажуваат Свадба и Вресок 7. Од 5 март на репертоарот ќе бидат додадени The Bride! и Приказната за Силјан.
3 март (вторник)
📽️ Павилјон (Paviljon) во Кинотека
📽️ Третиот свет во Котур
🎭 Замисли нов свет во Македонски народен театар
🖼️ „Импулс“ - самостојна изложба на Сара Андоновска во Јадро (до 9 март)
📚 Промоција на монографијата „Мојот пат“ – посветена на Антон (Тони) Баталаковски во Националната опера и балет
🎻 ❤️🩹Хуманитарен концерт „Љубовни ноти“ во Лабораториум
4 март (среда)
📽️ Фантази (Fantasy) во Кинотека
🎭 Не се клади на Енглези во Македонски народен театар
🖼️ „Мартинки – традиција што трае“ изложба на Марија Младеновска Митровска во МКЦ
🎸 Паркети во Longplay Bar
🎤 „Колекција како алатка“ - предавање на Зденка Бадовинац во Музејот на современата уметност
5 март (четврток)
🎻 Сила – концерт по повод Денот на жената во Филхармонија
🎸 Villagers of Ioannina City во МКЦ
🖼️ Балканскиот рис: Изложба на фотографии во Лабораториум (до 5 април)
🖼️ 📽️ Светло минато е пред нас: „Тела за еднократна употреба“ од Лара Рајхман во PrivatePrint Studio (до 25 март)
6 март (петок)
🎭 Претпремиера на „Ова е само крајот на светот“ во Драмски театар
🎶 Тоска во Националната опера и балет
📚 Промоција на монографијата „Ехото на дамарите на пијанчани – Копачката / 10 години од впишувањето на орото Копачката во УНЕСКО“ од Перса Стојановска во Метаноја
7 март (сабота)
📽️ Јас сум Невенка (Yo, Nevenka) во Кинотека
🎭 Премиера на „Ова е само крајот на светот“ во Драмски театар
🎸 „Километри љубов“ – концерт на Лозано во Арена Борис Трајковски
🎸 Jelena Tomašević и Ivan Bosiljčić во Филхармонија
🎸 Промотивен концерт на ЕП „Последен ден“ од Милко во Паб „Sе“
📚 „Страсни и гласни“ - мартовска дружба во Илика
🎤🎻 Поетско-музичка вечер со Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ во Јавна соба
🛍️ Pop-up sale: Handicrafts во Макка бар
🛍️ „Пролетна чистка“ - pop-up thrift market во Beerтија
8 март (недела)
🪧 “Нема да нѐ снема“ - Осмомартовски марш во Парк Жена-Борец
🖼️ 🎭 Тело простор - документарсна инсталација: Перформанс на Енџи Николовска во Јадро
9 март (понеделник)
📽️ На сè доаѓа крај (Svemu Dođe Kraj) во Кинотека
📽️ Сонувачки (Sanjalice) во Кинотека
🎭 Бог на колежот во Македонски народен театар
🎭 Театарска импровизација - Импровокација во Јавна соба
10 март (вторник)
📽️ На сè доаѓа крај (Svemu Dođe Kraj) во Кинотека
🎭 Мојот маж во Драмски театар
🎸 Тихомир Поп Асановиќ во Филхармонија
11 март (среда)
📽️ Сонувачки (Sanjalice) во Кинотека
📽️ Бело се пере на деведесет (Whites Wash At Ninethy) во Кинотека
📽️ Gaming Night: „Уште една игра“ во Cineplexx
🎭 Фамилијата Адамс во Драмски театар
📚 Книжевен кружок и работилница за „Адна“ од Самира Кентриќ во Илика
12 март (четврток)
📽️ Бело се пере на деведесет (Whites Wash At Ninethy) во Кинотека
🎭 Ова е само крајот на светот во Драмски театар
13 март (петок)
📽️ Приказната за Силјан (The Tale of Silyan) во Кинотека
📽️ Павилјон (Paviljon) во Кинотека
📽️ Ladies Night: „Споменот на него“ во Cineplexx
🎶 Мадам Батерфлај во Националната опера и балет
🎭 Болва во уво во Драмски театар
🎭 Варвари во Македонски народен театар
🖼️ „Архив на траги: од уметност до умешност“ - самостојна изложба на Аммар Качар во Јадро (до 18 март)
14 март (сабота)
📽️ Бумбаровото лето (Bumblebee’s Summer) во Кинотека
📽️ Фантази (Fantasy) во Кинотека
🎭 Странци во Драмски театар
🎭 Танцова претстава „АЈДЕ!“ во МНТ
🎸 Nuclear Disnoise Attack: Disease и Discops во Трн
🎸 Рамбо Амадеус во Јавна соба1
🎸 The Young Gods во МКЦ
🎸 Сека Алексиќ и Раста во Арена Јане Сандански
🎸 Дорис Драговиќ и Петар Грашо во Арена Борис Трајковски
🎨 Artists Republic – регионална конвенција за тетовирање во хотел Александар Палас
15 март (недела)
🎸 Рамбо Амадеус во Јавна соба
🎨 Artists Republic – регионална конвенција за тетовирање во хотел Александар Палас
🎈 Настани за деца
📽️ Во Cineplexx секој ден има проекции на The SpongeBob Movie: Search for SquarePants и GOAT: Вкусот на победата. Од 5 март на репертоарот ќе биде и Hoppers.
📽️ Во кината на Киноверзум во Драчево и Кисела Вода се прикажуваат детските филмови GOAT: Вкусот на победата и Zootopia 2, а од 5 март и Hoppers.
5 март (четврток)
🎭 „Хајди“ во Театарот за деца и младинци
6 март (петок)
🎭 „Пипи Долгиот Чорап“ во Театарот за деца и младинци
7 март (сабота)
🎭 „Љубопитната принцеза“ во Јавна Соба
7 март (сабота)
🎭 „Мачорот во чизми“ во Театарот за деца и младинци
🎻 „Металковци патуваат“ во Македонска опера и балет
13 март (петок)
🎭 Премиера на „Садако сака да живее“ во Театарот за деца и младинци
14 март (сабота)
🎻 Магичната флејта на Волфи - симфониски концерт за деца во Македонската филхармонија
🎭 „Која е Лорет?“ во Театарот за деца и младинци
Настанот е распродаден









фантастична статија, фала 🙌🏻