Како да не потрошите пари за глупости овој месец
Предлозите не вклучуваат замрзнување на кредитната картичка во вода.
Крајот на годината е период во кој повеќето од нас сакаат да трошат пари. Веќе е сезона на куќни слави и новогодишни прослави и сите сакаме да облечеме нешто ново и светкаво. Од друга страна, секој ден дознаваме за покачени цени и инфлација. И како да го добиеме невозможното? И доза допамин oд ново парче облека и the self-congratulating задоволство од заштедување некој денар плус.
За нетрошење пари на работи што не ни требаат, како и кај секоја друга зависност, најважно е да се тргнете од дилерот. Блокирајте го на сите мрежи, избришете му го бројот, ако го сретнете, преправајте се дека не се знаете. Ако имате потешкотии со апстиненција, воздржување и шетењето по бутици без да купувате (window shopping, или што би рекла една тетка “зјај пазар“) за вас e невозможна мисија, едноставно не влегувајте во трговски објекти. Заобиколувајте ги трговските центри, избегнувајте ги бутиците и продавниците, unsubscribe-нете се од нивните newsletters и ако случајно имате апликации на телефонот (ама зошто) - деинсталирајте ги.
Едноставно поминете го времето на друго место. На пример, на крајот од овој текст имате повеќе од 30 настани што се одржуваaт оваа недела, а тука има уште многу што се одржуваат до крајот на овој месец, некои од нив се и бесплатни.
Тоа се советите за нетрошење пари, а како сепак да ja добиете недофатливата доза допамин?
Shop your own closet
Наместо купување, добро проверете што веќе имате дома, а не го носите/ретко го носите, и најдете начини/прилики да го облечете макар и да не ви е прв избор. Главниот услов е да бидете во храбар и креативен mode на размислување, наместо во критички настроен. Ви текнува на сцената со огледалото во The Substance кога Деми Мур изгледа предобро и презгодно додека се спрема за состанок со симпатијата и одеднаш нешто се случува и почнува манично да додава и трга шминка од себе и до крајот на сцената има целосен breakdown и на крај останува дома и јаде, наместо да оди на состаникот? Епа, не бидете Деми Мур во таа сцена. Облечете што и да сте имале на ум да облечете и излезете од дома што побрзо, за да избегнете overthinking, негативно размислување и премислување.
Еве неколку чести “оправдувања“ зошто некои парчиња остануваат запоставени и неискористени:
Немам каде да го носам
Ова е пример што е често застапен во мојот плакар. Работи што најмногу сакам да ги купувам, а немам толку често шанса да ги носам се работи “за дотерување“. Едната причина е што дефинитивно купувам почесто отколку што реално ми требаат, а другата е што навистина нема толку многу прилики за носење фустан со пердуви и висечки шишка-светки или црвен мини светкав фустан, едноставно нема, не може да се измислат. Мојот go-to трик за тоа како почесто да ги носам овие работи е: 🥁 дотерување за “небитни“ настани.
За секси штиклите што инаку се неудобни за носење, решението е да се носат во кино или во скап ресторан, секако ако до таму идете со кола. Светкавите и свадбарски фустани се сосема соодветни ако одите на предновогодишна прослава во кафана, на опера или на балетска престава. Плетените „канцелариски фустани“ во земјени тонови што се добри само во теорија ама во пракса кој сака да се мрзне во фустан на -5 сабајле се добри за шопинг во Џамбо, во Меркур и слични прилики за running errands додека изгледате како инфлуенсерка. Црниот едноставен тесен мини фустан не мора да чека свадба, може да се носи и со патики и преку ден на кафе. Свечените маици (да не речам going out tops) се прифатливи на домашна журка и пица party. Да, сите ќе носат маица и фармерки ама тоа е, понекогаш човек мора да биде спремен to do the hard job of бидење гламурозен :)
Немам убави облеки
Од друга страна, ако имате многу повеќе неносени парчиња што се на другата страна на спектарот (алишта за по дома, хеланки, дуксери и сл), а недостаток на алишта “за дотрување“ just flip the script. Во време кога многу луѓе работат од дома и многу луѓе живеат во облека за во теретана, сосема е нормално во хеланки да се иде во супермаркет или да се завршат неколку работи низ маало. Сосема е океј со фармерки и дуксер во трговски во шопинг, во ресторан, на роденден, во кино, театар и сл. Јас имам 3 пара панталони што беа купени како “алишта за по дома“ ама уште на првото носење едните добија комплименти и беа унапредени во “за надвор“, а другите два не чекаа комплименти, досега беа прошетани многу пати, дури и во музеј.
Не знам како да го носам
Овде влегуваат сите тие парчиња што од некоја причина сте ги купиле без да размислите како ќе се комбинираат и плус сите парчиња што сте престанале да ги носите од различни причини.
За фустанот што не го носите веќе затоа што сте здебелени и не ви се допаѓа како ви стојат прерамките, облечете блуза врз него и решен проблем. За панталоните што се малце тесни во струкот, елек, пуловер или сако што го покрива. За широкиот проѕирен фустан што стварно немате поим зашто го купивте, облечете друг еднобоен фустан или здолниште под него со сличен крој. За преубавите сакоа што нема кога да ги носите затоа што има само пеколни лета и кочан зими? Наместо плетен дебел џемпер, под најширокиот капут во најладните денови, носете тенка кошула и сако. Имате тренеркасти панталони што не ги носите затоа што имаат unflattering врвки во половината и не знаете како да ги скриете? Oversized кошула или сако и класични ниски кондури ќе ги направат помалку спортски, а повеќе елегантни (мокасини или oxford shoes). Моето решение за гореспоментатиот тесен црвен светкав фустан е да го пикнам во фармерки со висока половина и го носам на концерти во МКЦ или во кафани, настани доволно “anything goes“ за да може да поминат светки на облека, а фармерките додаваат low effort ефект како да не сум предотерана за јадење плескавици и смрдење на цигари.
Не ми е таман
За овој проблем нема некое оправдување и решенијата не бараат голема креативност.
Ако панталоните се широки во половината - ремен, ако се предолги - штикли, ако се прекратки - who cares, cropped панталони се модерни сега. Ако фали копче - зашијте го, голема е веројатноста дека во внатрешноста на тоа парче облека има резервно. Ако ви е изгубено копчето, купете сет копчиња и сменете ги сите. Ако има флеки што не се вадат, има сапун во dm за тоа. За сите други проблеми како што се предолги ракави, распарани рабови, искината постава, најдете го најблискиот кројач и однесeте ги кај него/неа. Фала богу ги има уште и повеќето знаат што прават.
Shop other people’s closets
Со кого и да живеете, (родители, цимери, партнери) голема е веројатноста дека сте доволно блиски да ви позајмат некое парче. Можеби не можете да разменувате кондури со сопругот што носи 7 броја поголеми од вас, ама можете да облечете некоја кошула што на него му е slim fit (тоа и онака веќе не се носи), а на вас ви е oversized (што и тоа како се носи). Ако имате ептен различен вкус со мајка ви или цимерката, сепак некое основно парче како еднобоен џемпер, интересна марама, кожни ракавици или кул ташна. Ако ептен сте посветени на ова, татковците може да имаат некои vintage Puma или adidas патики, Levi’s тексас јакни, дедовците обично имаат солидна селекција на џемпери, пуловери па дури и капути, а бабите, бабите се мистерија сами по себе. Ако баба ви е уште жива, а вие уште не сте проверил(а) што има во нејзината „архива“, жалам, ама yоu have failed at fashion.
Swap со пријателите
Барем еднаш годишно треба да се има ваков настан со пријателите. Целата облека што е употреблива, а сакате да се ослободите од неа, пред да се донира, пожелно е да се понуди на другар(к)и по принципот one man’s trash is another man’s treasure. Вие бидете иницијаторот на оваа „забава за размена“, организирајте се со пријателите и така секој ќе има по некое ново парче во замена за старо што инаку ќе зафаќа место без да се носи.
Oва важи и за работи за домаќинство. Сите, сите имаме работи во кујна што ниту се користат, ниту бидуваат фрлени. Една другарка што прави чистка пред крај на секоја година, го слика сè она од кое што сака да се ослободи, става на close friends на инстаграм и ако некој сака нешто го добива за како новогодишен подарок, завиткано и со машна.
Swap party може да бидат и на тема козметика, шминка, книги, било која категорија на материјални добра од кои сакаме да се ослободиме, а при тоа и да добиеме нешто ново. Допамин, штедење и помал јаглероден отпечаток за сите. Win, win, win.
Наредна недела: Tips & tricks за шопинг со ограничен буџет
🗞️ (Хипер)локални вести
To whom it may concern: Една од најпознатите пицерии за достава Mamma Italiana веќе не е кај грчка амбасада, сега е на Рузвелтова 15.
Кога сме кај Рузвелтова, аптеката Beta Pharmacia e единственото место во Македонија што продава производи од холандскиот бренд за производи за тело и дома Rituals…
📍 Место на неделата
Местото на неделата е новоотворениот кафич Рутина во Лептокарија. Добро кафе (имаат и опција со растително млеко👏), ама the vibes се маалски кафич, ама од лошиот кога ќе влезеш и сите заќутуваат и те гледаат тебе. Исто така, подот иако изгледа одлично, (терацо) е сепак плочки, ние бевме на дождлив ден. Не сакате да идете во кафич со плочки на дождлив ден. Исто така, my bestie истури малце кафе на тоа за седење (некоја импровизација, ни кауч, ни фотелја, не знам како се вика тоа) и келнерката ни даде крпа сами да исчистиме. Сѐ на сѐ, фала богу што има и други кафичи во Лептокарија.
🔗 Вреди да се кликне
Супермен тренд: Новиот пример на негативното TikTok влијание на ИТ.мк
Дајте ни 1500 евра, сите ќе работиме во Македонија на Вработување
Телефонската линија за помош при откажување од цигари ги дава првите позитивни резултати на Радио МОФ
Ентериерот на МОБ се најде во „The world of interiors“ на МАРХ.мк
Европската унија немоќна против кинескиот Тему? на Deutsche Welle
Моцарт топчињата веќе не се произведуваат во Австрија на Фактор
Маж на годината 2024 на Радио Милева
🗓️ Настани
Настани во тек
Изложба Вангел Коџоман – 120 години од раѓање во Даут пашин амам (до 20 декември)
Изложба Прекршено време. И светот се пресоздава од тоа што го заборава во Музејот на современата уметност (до 30 март 2025)
Кинотека овој месец прикажува неколку балкански филмови (од Хрватска, Грција, Србија) и многу македонски филмови (на Иво Трајков, Теона Митевска, Столе Попов). Моја препорака се класиката Мис Стон (20 декември) и идната класика Anora, (18 и 19 декември)
Во Cineplexx се прикажуваат Gladiator 2, Wicked и други, а оваа недела премиера имаат Dražen, хрватски биографски филм за Дражен Петровиќ, и The Room Next Door на Педро Алмодовар (и двата од 12 декември)
Репертоарот на Драмски театар ги вклучува Мојот Маж (14 декември) и Чудна случка со кучето во ноќта (5 декември)
Во МНТ овој месец претставата 12 се прикажува 4 пати1 и се најавени 2 премиери: Замисли нов свет на Нела Витошевиќ по колаж од делата на Горан Стефановски (17 декември) и Бог на колежот во режија на Весна Петрушевска (23 декември)
Изложба Војна на сетилата/Војна врз сетилата во Музејот на современата уметност (од 5 декември)
Изложба Богородица мост помеѓу небото и земјата во Музеј на Македонија (од 5 декември)
Зимзоленд на паркингот пред СЦ Јане Сандански (до 19 јануари)
Настани (9 - 15 декември)
Манифестација Денови на Вања Лазарова во Јавна Соба (9 декември)
Гала проекција на Пред дождот во Филхармонија (9 декември)
Протестен марш за чист воздух од пред Министерство за животна средина (10 декември)
Акустичен концерт и изложба на Суперхикс во Домот на културата Билјана Беличанец 1(10 декември)
Gipsy Rufina во Буква (10 декември)
Концерт на Мухамед Ибрахими, Бобан Мирковски, Ратко Даутовски и Фјола Исмаили во Филхармонија (10 декември)
Изложба 1000 добро изодени патеки на Елена Чемерска во Јадро (10 декември)
Проекција на How to have sex во Котур (10 декември)
Премиера на ОНЛИ ФЕНС во The Dude Specialty Coffee (10 декември)
Зимски Македокс во Лабораториум (10 и 12 декември)
Оперска претстава Лучија од Ламермур во Националната опера и балет (11 декември)
Промоција на книгата Рајсфершлус од Јулијана Величковска во кино Фросина (12 декември)
Концерт на Симеон Ангеловски квартет во Cafe Literatura (Diamond Mall) 12 декември
Концерт на Светлост и Глигор Кондовски во Котур (12 декември)
Концерт на ансамбл Театро ала мода во Филхармонија (12 декември)
Алумни настан на Економски факултет (12 декември)
Изложба Сликоиди – Метагалактик на Данко Фришчиќ во Мала станница (12 - 26 декември)
Фестивал ВОСТАНИЕ 8 во МКЦ (13 декември)
Kонцерт на Amplidyne Effect и Мартин Џорлев во СЦ Дуња (13 декември)
Скопски вински салон – Винодонија 2024 во Хотел Marriott (13 и 14 декември)
Базар Во ритамот на македонски традиционални занаети и креации во Јавна Соба (14 декември)
Настап на The Local Blue во Лабораториум (14 декември)
Оперска претстава Пикова Дама во Националната опера и балет (14 декември)
Counter-Strike 2 турнир во East Gate Mall (14 декември)
НОСИ (не)НОСЕНО БАЗАР Vol.2 во Makka Bar (14 декември)
Мизар во МКЦ (15 декември)
Добротворен новогодишен базар во East Gate Mall (15 декември)
Игор Исаковски Ти пишувам од сржта на тишината во Лабораториум (15 декември)
Новогодишен базар во City Mall (15 - 31 декември)
Настани за деца
Новогодишно шоу на мраз во СЦ Борис Трајковски (14 декември)
Театарска претстава Љубопитната принцеза во Јавна Соба (14 декември)
Еко магионичарско шоу со Кристиан Шопов во кино Фросина (14 и 15 декември)
Новогодишен детски џез оркестар во Филхармонија (15 декември)
Работилница за новогодишни честитки во тегла во Јавна Соба (15 декември)
Распродаден настан.



