Нова кул онлајн книжарница во градот
и други вести од областа на трошењето пари
Претходната недела вечер додека барав вести за овој newsletter налетав на инстаграм профилот на најновата онлајн книжарница кај нас. Се вика Волкот Лош (Bad Wolf) и на нивната веб страна видов дека во понудата ги имаат 3-4 од најновите книги што беа на мојата листа за читање, сите издадени во последната година и досега недостапни во нашите книжари. Скептикот во мене (дека е некаква измама и предобро за да биде вистинито) и другарот што го консултирав се согласија дека може да порачам сепак затоа што плаќањето е при достава, што значи ако е измама, барем ништо не си платил. Веќе во понеделник сабајле ми ги доставија книгите, без никакви логистички заврзлами.
Волкот Лош (Bad Wolf) е семеен бизнис зад кој стои еден брачен пар и нивното семејство. За да дознаам повеќе за настанувањето и идните планови, разговарав со Искра Мандал, со-основачка на книжарницата.
За почетоците, идејата и потребата од уште една онлајн книжарница кај нас, Искра вели:
Јас лично увидов простор како читател бидејќи најчесто не можам да најдам наслови што ги сакам кај нас и нарачував и од странство, но со цените на ДХЛ и затварање на онлајн простори како Book Depository престанав и единствено можев да најдам некоја книга кога ќе патував, или да нарачувам од пријатели во странство.
За тоа што ново нуди Bad Wolf, а го немаат другите книжарници:
Нешто што мислам дека не издвојува е допирната точка што ја имаме со читателската заедница, се трудиме да имаме свежи наслови, производот да биде убаво и безбедно спакуван, добра и лесна за користење веб страница и наслови по нарачка.
За сега најдобри селекции можам да кажам дека ни се во жанровите на книжевната фикција, фантазија и романси, првенствено затоа што јас ги читам и следам најмногу тие наслови, но се трудиме да има за секого по нешто.
Во блиска иднина Волкот Лош планираат да додадат нови наслови, и еве што уште:
Моментално работиме да воведеме онлајн плаќање и да го прошириме изборот, па деновиве ќе има нови наслови.
За понатаму, сакаме да почнеме да нудиме и наши наслови и преведени наслови на македонски јазик, да дадеме платформа најпрво на наши помали издавачи, а потоа и наслови на српски, на албански, турски и германски јазик.
Kнигите може да ги нарачате преку нивната веб страна www.badwolf.mk или преку email и телефон.
Следете ги на Instagram и Facebook.
🛍️ Уште вести за пазарење 🛍️
Покрај Bad Wolf, во последниот месец забележав уште два други локални мали бизниси што сами, in-house си ја вршат доставата на купени производи. Се надевам дека овој тренд ќе остане, дека е економски исплатлив и ќе придонесе барем малку за подобрување на квалитетот на услугите што ги нудат доставувачките бизниси кај нас затоа што е на најниско можно ниво.
Скопје го доби првиот вегански мини маркет. Покрај македонски производи што стандарно се брендираат како вегански и здрави (Виталија, Био Космос), имаат и вегански ќебапи и колбаси, увезени растителни млека (Oatly, Аlpro) и па и поегзотични состојќи како мисо паста, оризови нудли и листови од нори-алги. Вита Верде се наоѓа во Центар, на Максим Горки 8.
Веќе некое време на Партизанска 50 (спроти поранешно Симпо, сегашно казино) работи K-Beauty Зегин, продавницата за корејска козметика. Брендовите се за нијанса полоши од тие што ги носат другите етаблирани мали бизниси за азиска козметика (Coslovemetics, Elloxy, Olpeo), ама затоа пак профитот завршува кај транзициски профитери.
Брендот за канцелариски и училишен прибор Steadler имаат не-толку-нова концепт-книжарница што се наоѓа на Ленинова 66/1. Step-in покрај вообичаените прибори, има и пофенси (нотес со камена хартија?) производи за љубители на цртање и дизајн, место за пробување на производите и настани.
Од 15 август до 15 септември, секоја лименка од Скопско и Скопско Smooth фрлена во контејнерите за селекција преку апликацијата Екомак ви носи 5 поени.
Со трошење 500 срца од Телеком апликацијата Moments добиватe едногодишна бесплатна достава од Wolt. RIP Кликни Јади
🗞️ (Хипер)локални вести
Новости кои може да ви направат разлика
Од почетокот на наредната година стартува пилот-проектот е-фактура. Е-фактура е структуриран сет на податоци кои преку соодветна форма се испраќаат до УЈП, потоа УЈП ја верификува оваа форма, а целата комуникација е целосно електронска. Ова ќе биде единствена валидна документација, а печатените фактури нема да бидат валидни. „Системот е-фактура ќе овозможи евидентирање на сите деловни трансакции во безготовинското плаќање“ и од 1 октомври 2026 ќе биде задолжителен за сите правни лица што се даночни обврзници и креираат фактури.
Здружението „Инженери на Република Македонија“ (ИНРМ) поднесе иницијатива до Уставниот суд против паушалните сметки за струја на ЕВН. “Иако Законот за енергетика од 29 мај 2025 наложува фактурите да се издаваат исклучиво врз основа на реално измерена потрошувачка преку отчитување на броилото”, од ИНРМ велат дека ЕВН во своите фактури користи и процена на потрошувачката.
Aко сте родител на дете со атипичен развој или вработен во основно школо откако е започнат новиот систем на образовна инклузија од учебната 2021/2022 година, пополнете ја анкетата на Радио МОФ за вашето искуство со инклузивно образование.
Измамите со кои им се јавуваат на пензионери и им кажуваат за блиски што биле во сообраќајка земаат толкав замав во последно време што СВР – Скопје, во соработка со пензионерските друштва на територија на Карпош организира едукативни работилници на тема „Заштита од измами поврзани со сообраќајни незгоди“. Работилниците ќе се одржуваат во средината на септември.
Кога сме кај измами, ЈСП предупредува за лажна фејсбук објава со измислени понуди за бесплатен превоз.
☠️ Локални избори
Проверете дали ве има во избирачкиот список, дали гласате таму каде што мислите дека гласате и дали вашата умрена баба уште е на списокот. https://izbirackispisok.gov.mk/
И покрај тоа што според најновите правила на ДИК, независен кандидат може да биде на гласачкото ливче со само 2 потписа, Независни Заедно и Зелен Хуман Град сепак собираат потписи за формирање партија. Независни за Карпош објавија дека нема да основаат партија, и на изборите ќе учествуваат со своја листа на кандидати за општина Карпош
Амар Мециновиќ е кандидат за градоначалник на Скопје од Левица. Мециновиќ е актуелен пратеник и поранешен член на Советот на Град Скопје.
Независни Заедно, исто така најавија свој кандидат, а според МКД тоа ќе биде деканот на Градежниот факултет Горан Марковски.
Тие што планирате да гласате за ДУИ/Европски Фронт имајте во предвид дека сега се ребрендирани и на ливчето треба да заокружите „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ).
Општина Центар постави 100 нови канти за отпад на повеќе локации низ општината. Кантите 👇
🔗 Вреди да се кликне
Без лажни вести и без кликбејт
Анализа: Општините влегуваат во изборна кампања со доспеан, а неплатен долг од скоро 65 милиони евра - Радио МОФ
Кардиолошки операции под лупа – за здравје или за профит? - Радио Слободна Европа
Законот за млади се спроведува со брзина на полжав - Радио МОФ
Жените жртви на семејно насилство остануваат незаштитени - Радио Слободна Европа
Контејнерите за селекција или се кршат или се полнат со секакво ѓубре - Вечер
Од првите урбанистички планови до урбан хаос: Историјата на урбанизацијата на Скопје - Трн
Вештачката интелигенција во улога на љубовен советник, психотерапевт, мајстор - ВидиВака
Прв клик кон пристапноста - Призма
🗓️ Настани (25 - 31 август)
Листава е обновувана во текот на неделата. Настаните за остатокот од август и остатокот од државата се на Што да се прави во август.
📽️ Во Cineplexx оваа недела на редовен репертоар се: Superman, F1, The Naked Gun, The Fantastic Four: First Steps, Weapons, Materialists и Freakier Friday. Од 28 август, на репертоарот се додаваат комедијата The Roses со Olivia Colman и Benedict Cumberbatch и трилерот Caught Stealing со Zoe Kravitz и Austin Butler.
25 август (понеделник)
📽️ MakeDox во Куршумли ан и Сули ан
📽️ Weapons во Киноверзум
📽️ Freakier Friday во Киноверзум
🩰 Карпошово културно лето 2025 на Млечен
📚 Поетско читање со Џери Марфи во Буква
26 август (вторник)
📽️ MakeDox во Куршумли ан и Сули ан
📽️ Izolacija во Киноверзум
🎻 Џез за чудаци 2 во Буква
🩰 Карпошово културно лето 2025 на Млечен
🖼️ „Гласот на минатото“ – изложба на Озбек Аваз во Мобилна / Монтажна Галерија
🛍️ Made in Idrizovo поп-ап продавница на Зелената тераса на ГТЦ
27 август (среда)
📽️ MakeDox во Куршумли ан и Сули ан
📽️ Оpen Air Cinema: Mission: Impossible 7 во Cineplexx
📽️ Weapons во Киноверзум
🎸 „На распуст сум, на журка сум“ во Паркот на франкофонијата
28 август (четврток)
📽️ MakeDox во Куршумли ан и Сули ан
📽️ Materialists во Киноверзум
🎻 Карпошово културно лето 2025 на Св. Троица во Бардовци
29 август (петок)
📽️ Оpen Air Cinema: Harry Potter and the Prisoner of Azkaban во Cineplexx
📽️ Materialists во Киноверзум
🎻 Карпошово културно лето 2025 на летната сцена на кеј
30 август (сабота)
📽️ Оpen Air Cinema: The Dark Knight Rises во Cineplexx
📽️ Materialists во Киноверзум
🛍️ Artisan Night Bazaar во Лабораториум
Настани за деца
📽️ Во Cineplexx секој ден има проекции на Smurfs, а од 28 август ќе се прикажува и The Bad Guys 2.
25 август (понеделник)
📽️ Lilo & Stitch во Киноверзум
✂️ Учиме за вселената: планетариум и работилници во East Gate Mall
26 август (вторник)
📽️ Smurfs во Киноверзум
✂️ Учиме за вселената: планетариум и работилници во East Gate Mall
27 август (среда)
📽️ Lilo & Stitch во Киноверзум
✂️ Учиме за вселената: планетариум и работилници во East Gate Mall
🎸 „На распуст сум, на журка сум - Стела и Сани“ во Паркот на франкофонијата
28 август (четврток)
✂️ Учиме за вселената: планетариум и работилници во East Gate Mall
29 август (петок)
📽️ Lilo & Stitch во Киноверзум
✂️ Учиме за вселената: планетариум и работилници во East Gate Mall








Ѕирни ги и Healthy Junk Food Corner 888 за некој нареден сличен пост, може некој би ги бендисал како веганска/вегетаријанска/индиска опција. Многу се вкусни.