Водич за подароци: предлози за секој (стерео)тип
Стереотипизирајте ги вашите омилени луѓе пред да им купите подарок, јее.
Декември е месец во кој се вадат новогодишните украси, се средуваат сметките и најважно, се дотрошуваат парите. Последните неколку недели од секоја година сите сè повеќе се однесуваме како да парите ќе престанат да важат после први јануари и најдобро да се потрошат до крајот на годината.
На страната на понудата пак, декември е последна можност да се поправи состојбата на сметка, да се направи уште малку повеќе промет и време за the final push пред попис. „Трговците тријат раце“ ќе констатираат на вести.
Ако случајно крајот на овој месец ве наоѓа во ситуација со вишок на пари и недостаток на идеи за тоа како да ги потрошите, fear not fellow consumers, следуваат моите предлози.
Моите неколку главни, основни правила за одбирање подароци се:
Најсигурен начин да не утнете во изборот на подарок е да прашате. Ko pita, ne skita по продавници и трговски. Можеби не е романтично, ни интересно и го елиминира the element of surprise, aма секогаш најдобро е да го прашате идниот примател што сака или што ќе му треба во наредниот период. Една другарка секоја година обезбедува детални упатства за што и како да ѝ купиме за роденден и ние секоја година сме ѝ преблагодарни за тоа и од благодарност и го купуваме точно бараниот подарок. Easy-peasy.
Пробајте да одите на сигурно со подарок што ќе го израдува примателот затоа што гарантирано ќе му се допадне или ќе му се најде. Ако знаете која ѝ е омилена писателка на вашата шефица и дека уште ја нема купено нејзината нова книга, подарете ѝ ја баш таа книга. Ако дечко ви се занимава со аналогна фотографија (no judgement) и знаете точно каков филм користи, купете му 4 ролни.1 Уште едно шише од парфемот што вашиот најдобар другар го користи веќе 10 години е исто така сигурен но погоден подарок.
Ако славеникот/примачот се нечка кога ќе го прашате („ништо не ми треба, сè си имам, не се троши, стварно нема потреба“), а вие одеднаш не знаете ни дали носи парфем, а не па каков, ќе мора да ги употребите вашите набљудувачки моќи. Пробајте да идентификувате во која од трите широки, стеоритипизирани категории припаѓа, изберете некој од примерите и нека ви е со среќа2.
Човек со кауза
Идентификација: Најлесно е ако се работи за човек што има омилена кауза. Овој човек има желба да помага и да прави добро во светот. Забележете која е неговата омилена тема на разговор, што споделува на социјални мрежи, за што е загрижен in the grand scheme of things. Некој има специфична кауза за која се залага, некој само сака да поддржи локални занаетчии, мали бизниси и тоа му носи голема радост. Без разлика, ваквата девојка или госпоѓа се препознава по интересните модни додатоци, често носи шарена марама или шал, рачно изработен statement ѓердан и слично. Активистот, пак има омилена невладина организација/кауза за која често зборува со многу страст.
Решение: Купете производ од омилениот локален мал бизнис, подарете претплата за социјално списание, годишно членство во невладината по избор или едноставно донирајте пари во нејзино име во организацијата што ја поддржува.
Внимавајте да го одберете правиот бизнис/организација. Не значи дека ако некој цело време споделува апели за вдомување кучиња автоматски е фан на Шепасти Ентузијасти. Не секој инстаграм бренд што се рекламира како handmade навистина рачно ги изработува производите, некои се само добро маскиран drop-shipping бизнис.
Предлози3: Моки календар за 2025 (500 ден), Лице в Лице годишна претплата (600 ден), Македонско Еколошко Друштво годишна членарина (1000 ден), Шепасти Ентузијасти Patreon месечна донација 1USD - 50USD, Angelcats Sanctuary еднократна донација, Caroline handmade мека кукла - 1500 ден.
Практичен и штедлив
Идентификација: Сите имаме некој no-nonsense, penny-pincher во нашите животи. Најчесто се тоа нашите мајки, пораснати на екс-ју школата како од малку да се направи многу. Штедливецот е секоја тетка, баба или комшика што го цени секој денар и се има стекнато со real life skills, како готвење и шиење. Често е шокиран(а) од секое поскапување, купува исклучиво во КАМ и Стокомак и најверојатно гледа со презир на сите што се расфрлаат со пари. Овој чичко/татко/дедо/другар не трпи bullshit, не го интересираат брендови, знае сам да поправи скоро сè во домот и нема доверба во мајстори. Купува само кола на старо и поминува време на отворено бидејќи знае дека физичката работа е медитација.
Решение: Подарете практичен и квалитетен подарок што има употребна вредност. Може да биде и поскапа, поквалитетна верзија на нешто што веќе го имаат и често го користат.
Внимавајте на тенката линија помеѓу I take you for granted, еве ти тава и Фала ти што готвиш најпрекрасни јадења, ја заслужуваш најскапата и најубава тава во градот
Предлози: Кутија со алати, Carpisa паричник - 1490 ден, Massimo Dutti паричник за картички - 1990 ден, Скопска картичка за ЈСП, Pull&Bear паричник - 449 ден, JYSK престилка - 450 ден, маска за телефон, Bosch мултипратик - 6999 ден, Lamart гусана тава LT 1063 - 1610 ден.
The connoisseur
Идентификација: Често човекот што знае што е добро е човекот со најмногу пари во друштвото, ама не и обратно, не секој човек со многу пари знае што е добро. Во оваа категорија влегуваат другарката која поминала многу време во пробување, купување и искусување разно-разни производи и услуги и човекот под чии инстаграм слики пријателите пишуваат znaes da zivees hhh. Oва е другарот што оди на кампување покрај море барем 2 недели секое лето. Ова е комшиката што прави највкусни погачи (пардон, фокачи) и носи најубави џемпери за по дома, или тетката што редовно оди на масажи и има жена од која порачува “најдобри торти“.
Решение: Подарете луксузен (што не мора да значи и скап) подарок. За нив не е важно производот да биде траен, може да биде и услуга, ваучер, playlist-а со омилени песни, сите тие работи имаат вредност дури и ако не се практични и не може да им се стави панделка.
Внимавајте: Клучно е да имате во предвид дека не купувате за себе. Вие може мислите дека е нечуено безобразно да се дадат 500 денари за чоколадни бонбони или дека е подобро да се подари нешто практично наместо букет што ќе овене за 3 дена, ама парите за подарок се трошат според курсната листа на тој што го добива подарокот, а не на тој што го подарува.
Предлози: Чинија Bohemia Pyramida - 3600 ден, Цветна Фабрика букет, Chocol'art рачно изработени пралини (2000 ден/кг), Zara Home ќебе - 1490 ден, Monbana топло чоколадо - 400 ден, Азалеа саксиско цвеќе - 1450 ден, рачно направени колачи што сами сте ги изработиле - моите испробани, проверени и омилени рецепти се овој, овој и овој.
If all else fails, новогодишна честитка е нajевтин, а ефективен подарок. Можете да купите генеричка во поголемите супермаркети, да купите од оние со кои во исто време донирате за некоја добротворна цел, да изберете некоја од честитките што многуте илустратори ги изработуваат и продаваат во овој период од годината, (или уште подобро, нацртајте сами или направете колаж од слики/суви растенија). Оставете ѝ доволно време на старата, дртава Македонска Пошта да ја достави до другиот крај на градот. На крај, некаде во почетокот на февруари, ќе бидете пријатно изненадени кога ќе слушнете дека примачот е воодушевен што ви текнало да пратите честитка.
Just kidding, најдобриот подарок за дечко секогаш е чорапи или шал. Само low effort ;)
Важен disclaimer: Сите (освен 3) производи спомнати тука се своерачно избрани од yours truly и стојам зад тоа дека се добри производи. Ако имате прашања за некој од нив слободно прашајте во коментар или на мејл.
Важен disclaimer 2: Јас не добивам ни денар ако купите некој од производите линкнати тука. Овој newsletter не содржи спонзорирани линкови и слични ујдурми.



