Главната тема на претходниот newsletter беше разликата во цените меѓу супермаркетите во Македонија и тие во германскиот Kaufland. Темата на оваа недела сѐ уште е Германија, само попозитивна од економската ситуација.
Во Хановер сум била 6-7 пати претходно, ама овој пат беше после пауза од цели две години. Мислам дека паузата направи да го реоткријам и да го почитувам повеќе од обично.
Хановер, главниот град на сојузната покраина Долна Саксонија (Niedersachsen) со околу 545.000 жители е 4ти најголем град во Северна Германија (после Берлин, Хамбург и Бремен). Градот е познат по тоа што таму се одржуваат многу саеми, (Hanover Messe е еден од најголемите изложбени простори на светот), а познат е и затоа што бил престолнина на Кралството Хановер. Како еден од најтешко погодените градови во Втората Светска Војна, 90% oд центарот од градот бил уништен во 88 бомбардирања. Денес, само 25% од градбите во градот се постари од 1950 година.
40 паркови, шуми и градини, 10 езера, 2 реки и канал
Според некои метрики градот има 65% зеленило и е 54иот најзелен град во државата. Според туристичкиот вебсајт Visit-Hannover.com, oколу 11.4 % од површината на градот се зелени простори (oвде спаѓаат паркови, градини и рекреативни површини) што го прави Хановер најзелен град во Германија.
Настрана овие семантички полемики, факт е дека Хановер има многу, многу зеленило во себе. Околу 45.000 дрвја ги оивичуваат улиците на Хановер и секоја година се садат помеѓу 500 и 750 нови крајпатни садници. Според едно скорашно истражување, 91% од граѓаните се „задоволни“ или „многу задоволни“ од зелените површини во нивниот град. Во ниту еден друг град немало толку висок процент на задоволни граѓани. Најрепрезентативен пример е парк шумата Eilenriede со површина од 6.5 km2 (за споредба, парк шумата во Гази Баба има површина од 1km2, а градски парк 0.48km2).
Езерото Маш (Maschsee) е најголемата водна површина во Хановер. Се наоѓа во центарот на градот и е вештачко езеро изградено во 1930тите од страна на нацистите. Денес е едно од најубавите езера во Германија и место за рекреација и за водни спортови.




Park der Sinne (Паркот на сетилата) се наоѓа во предградието Латцен (каде што живеат најголемиот број Македонци во Хановер) и е направен после 2000 година врз поранешна депонија. Паркот има 30 станици дизајнирани за различните сетила и сензорни објекти каде што можат да се видат, слушнат, допрат, пробаат или помирисаат четирите елементи (вода, воздух, оган и земја).






И не се само парковите, езерата и другите места определени за спорт и рекреација. Насекаде низ градот, во кој и дел да се наоѓаш има парк на максимум 5-10 минути пешачење, насекаде има луѓе што се занимаваат со спорт, дури и модата е неприродно спортска во сите годишни времиња. Дури и во најшминкерските и најскапите делови од градот, луѓето цело време носат хеланки, водоотпорни јакни, планинарски кондури и слични облеки типични за gorpcore стилот.




Чао на евтината азиска храна
Една од моите омилени работи во оваа држава и овој град отсекогаш била што може(ше) да се јаде евтина и квалитетна азиска храна1.
Mоите хиперентузијастични, неестетски insta stories од предпандемиски оброци:
Во 2021 веќе станувам свесна за тоа колку е привилегија да имаш пристап до евтина и вкусна храна кога си излезен во град.
Во 2023 сушито е унапредено од сториња на feed
И сега како во филмовите, да премотаме до 2025 и до непријатното изненадување дека евтината далечноазиска храна на којa толку ѝ се радував веќе не е толку евтина или не е воопшто евтина.
Едната порција суши (8 sake maki, 5 California IO, 5 sake IO) што пред 2 недели ја платив 12.5 евра, според оваа слика од менито од ресторанот пред една година чинела 8.9 евра (М7).
Вториот пример е од друг ресторан каде што виетнамската супа фо (во менито Pho Ha noi) во март 2024 била 10 евра, во ноември 2024 11.5 евра, а веќе во февруари 2025 чинеше 13.5 евра.
Kaко надоврзување на темата од претходната недела дека цените во Германија растат со неверојатна брзина, не е изненадување што истото се случува и кај нас, впрочем тоа го предвидоа и сите макроекономски анализи.
За крај, сигурно има други германски градови што се must-see пред да го посетите 13иот најголем град во Германија. Ако не сакате премногу гужви и туристи, а сакате модерна уметност (повеќе за тоа во наредниот newsletter) и особено ако сте sportlich тип, туристички потценетиот Хановер е добра дестинација за вас.
🗞️ (Хипер)локални вести
Од први март поскапе парното за корисниците на ЕСМ Енергетика и Скопје Север.
Крајно време беше македонски медиум да ја интервјуира словенечката министерка за дигитализација. Виничанка и Словенка, Емилија Стојменова - Дух е првата министерка која не беше Словенка и прва жена - вонредна професорка на катедрата за ИКТ на Факултетот за електротехника во Љубљана. “Во Словенија е скандал ако јавна услуга не работи еден час – во Македонија нема ни службен мејл“
Ако ви се наоѓаат гуми од возила дома, сега може да ги оставите во Аеродром на собирното место на „Гуматек“.
Затоа што нема доволно тинејџери со коли во градот, Општина Центар доделува субвенции од 10000 ден за лица родени 2007 за полагање на возачки испит Б-категорија. Оваа идеја сепак прво им текна пред неколку години на генијалците од Општина Карпош каде што може да се субвенционира и до 100% од износот на обуката. Карпош има и листа на авто-школи кои мора да ги користите.
Ако сте заинтересирани за визуелна уметност има 2 добри изложби оваа недела во Скопје. Едната е изложбата „ОСТЕН Биенале Скопје 2024“ во Чифте Амам со дела од светски познати уметници како Jean Boghossian и Michelangelo Pistoletto (отворена до 9 март). Втората е „Сите деца на Родољуб Анастасов“ со дела од 42 уметници, сите поранешни студенти од сликарските класи на Анастасов од ФЛУ (1980-2000год.).
Aко сте заинтересирани за визуелна уметност, а не сте во Скопје/ не ви се излегува од дома, погледнете ја оваа оnline галерија на МАРХ: Просторот во делата на Родољуб Анастасов
Ако знаете средношколец заинтересиран за стрипови, здружението „Макстрипови“ и МКЦ организираат неколкунеделна Стрип Школа за млади таленти.
🔥 Топла препорака
Mojaта најтопла препорака за оваа недела, па и месец е да го погледнете латвискиот анимиран филм Flow (кај нас преведен како „Поплава“).
Главниот протагонист е Мачката чиј дом е уништен од поплава и таа се засолнува на брод со неколку други животни. Покрај тоа што визуелно е прекрасен, приказната е топла и интересна, мислам дека најјаката страна на овој цртан филм е што од една страна е мал, симпатичен филм за животни во кој што би уживале сите деца, а од друга е филм со силна политичка порака наменета за возрасните.
Flow досега има добиено 52 награди меѓу кои е и оскарот за најдобар анимиран филм.
Може да го гледате на 20 март во Кинотека и во Cineplexx oд 6 март.
🔗 Вреди да се кликне
На Владата ѝ се поважни ветерниците и фотоволтаиците од храната - Дома
Од што се плаши Латас кога ве поттикнува да нè силувате и линчувате - ИРЛ
ИЈЗ: Годинава има една третина повеќе грипозни во споредба со лани - Мета.мк
Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство реагира на измените на Законот за полиција - Радио МОФ
Тони олово, стакло и пластика завршиле лани во Македонија -Deutsche Welle
Македонија и климатските промени: Поглед од птичја перспектива - Дома
Шеснаесет проценти од населението умира прерано поради загаден воздух - Телма
🗓️ Настани
(3 - 9 март)
📽️ Во Cineplexx оваа недела се прикажуваат Gladiator 2, Nosferatu, Marked Men, The Unbreakable Boy, Den of Thieves: Pantera, Captain America: Brave New World, Bridget Jones: Mad About the Boy , „Сите го викаат Реџо“ и Three Kilometres To The End Of The World. Од 6 март (четврток) може да се гледаат Mickey 17 (новиот филм од режисерот на Parasite, Bong Joon-ho) и латвискиот анимиран филм Flow (еден од моите омилени филмови од 2024)
📽️ Во Cineplexx од 3 до 10 март има Оскар ревија во која може да гледате некои од филмовите номинирани за Оскар за 200 денари.
📽️ Во Кино Милениум од оваа недела се прикажуваат германскиот трилер Schock и Maria, филмот за последните денови на Maria Callas
🛍️ Осмомартовски Базар во ГТЦ (1 - 8 март)
🛍️ „Сити базар – Подари љубов“ во Skopje City Mall (2 - 8 март)
📽️ Back to the Future 2 во Кинотека (3 март)
📽️ Three Kilometres To The End Of The World во Кинотека (3 март)
📽️ Maria во Киноверзум (3 март)
🎭 „Марта Верина“ во Македонски Народен Театар (3 март)
📽️ Requem for a Dream во Кинотека (4 март)
🎭 „За нас почнува живот“ во Драмски театар (4 март)
🎭 „Снег“ во МКЦ (4 март)
🎭 „12“ во МНТ (4 март)
🎸 Laibach во Филхармонија (4 март)
📽️ The Straight Story во Кинотека (5 март)
📽️ A Real Pain во Киноверзум (5 март)
📽️ Maria во Киноверзум (5 март)
🎭 „Фамилијата Адамс“ во Драмски (5 март)
🎭 „Не се клади на Енглези” во МНТ (5 март)
📖 Промоција на новиот број на списанието „Зенит“ и разговор со Милчо Манчевски во Europe House (5 март)
📖 Разговор со Калина Малеска во „Браќа Миладиновци“ (5 март)
🖼️ Изложба на Анита Огњановска „Во спокој“ во КИЦ (5 март)
🖼️ Изложба „Обмислување на современиот звучен пејзаж: Експериментални практики во визуелниот контекст“ во Галерија ФЛУ (5 март)
📽️ Victoria Must Go во Кинотека (6 март)
🎻 „Бајка“ во Филхармонија (6 март)
🎭 „Диши“ во Драмски (6 март)
🎭 „Снег“ во МКЦ (6 март)
🎭 „Бели Ноќи” во МНТ (6 март)
🎻 Чалгија Саунд Систем во Public Room (6 март)
🎸 marumaru и Јоана Ристеска во Лабораториум (6 март)
🎸 LAGOSS во КИЦ (6 март)
📽️ Xotel проекции во Буква (6 март)
📽️ Summer Rebels во Кинотека (7 март)
📽️ Македонски спортски документарни филмови во Кинотека (7 март)
🎭 „Мојот маж“ во Драмски (7 март)
🎭 „Народен пратеник“ во МНТ (7 март)
📖 Поетско читање „Одблесоци“ во Лабораториум (7 март)
🪧 Протестен марш и бојкот за 8 Март: Нека јадат ружи! од пред Универзална Сала (8 март)
📽️ Crna Marija во Кинотека (8 март)
🎤 „Волкот на љубовта“ во МНТ (8 март)
🎭 „Кафез кај кокони“ во Драмски (8 март)
🎸 Јелена Томашевиќ во Националната опера и балет (8 март)
🎸 Јоце Панов во Филхармонија (8 март)
🖼️ Култура ß работилница за колажи и изложба во Буква (8 март)
🎸 Doomsday: Ladies first во Маракана (8 март)
🏆 Lab Cup vol.2 - шах во Лабораториум (8 март)
📖 Поетско читање „Не можат сите да нè запалат! – Јас не сум таа“ во Baker Street (8 март)
🏆 Женско Рели во СЦ Борис Трајковски (9 март)
Настани за деца
📽️ Во Cineplexx на репертоарот се овие филмови за деца: Paddington in Peru, Sonic the Hedgehog 3, Mufasa: The Lion King, Dogman и Elli and the Ghostly Ghost Train
📽️ Elli and the Ghostly Ghost Train во Киноверзум (3 март)
📽️ Elli and Her Monster Team во Милениум (3, 4 и 5 март)
🎭 „Пипи долгиот чорап“ во Театарот за деца и младинци (6 март)
🎭 “Свадби на животни и нешта“ во театар „Сенки и облаци“ (6 март)
🎭 „Тоби“ во Театарот за деца и младинци (7 март)
🎭 „Палешка“ во Театарот за деца и младинци (8 март)
📽️ „Бамби: Приказна за животот во шумата“ во Кинотека (8 март)
🎭 „Рибарот и златната рипка" во Public Room (8 март)
📝 Предавање во Планетариум во МКЦ (8 март)
Ова е само уште една од многуте привилегии што ги имаат државите со лабава миграциона политика.






