Хановер: Улична уметност што не е графити
Последна репортажа од вашиот дописник од Северна Германија.
Во третиот (и последен) дел од Алиса во Земјата на чудата, Стојанка у Веро, Елена во Хановер сакам да ви скренам внимание на една не многу позната уметница и нејзината уметност.
Наните на Ники
Врската на Niki de Saint Phalle (1930 - 2002) со градот започнала во 1969 година со нејзината ретроспективна изложба одржана во Kunstverein Хановер. Таа била толку добро примена што во 1974 година градот ѝ побарал да направи постојана инсталација во близина на градското собрание. Сент Фал дотогаш веќе имала искуство со големи уметнички скулптури, од 1965 година таа ги создавала нејзините Nanas, скулптури од жени во сите големини и бои што се нејзината верзија на „обичната жена“. Тие се одраз на архетипските женски форми и позицијата на жената во модерните патријархални општества.
Во Хановер, Сент Фал направила три Нани, што уште можат да се најдат на брегот на реката Лајне. Хановер е дом и на последното дело на Сент Фал (The Grotto во градината Herrenhausen) и на уште многу други дела од уметницата од кои повеќето може да се најдат во музејот Шпренгел. Ова воедно е и еден од двата музеи со најголема колекција на нејзини дела.




Таа е наивен уметник (уметник без формално уметничко образование) и нејзиниот препознатлив стил е разигран, весел, детски и оптимистичен, какви што се нејзините дела после 1965.
Пукачките слики на Ники
Нејзините рани дела се помрачни. Во 1961 година, Сент Фал одржала изложба Fire at Will на која биле прикажани слики од серијата Tirs1 или Shooting Paintings. Tirs делата се направени така што таа фиксирала ќеси со боја врз табла, покриени со гипсена површина. Посетителите потоа биле поканети да пукаат со пушка во сликите, (ќесите) со што ја создаваат сликата.
Подоцна, во различни дела, Ники пука во главите на претседателите, во католички олтар, па дури и во сопствениот татко, кој сексуално ја злоупотребувал од нејзини 11 години според нејзината автобиографија од 1992 год, Mon Secret („Мојата тајна“)




Fun fact: И македонскиот Музеј на современа уметност има две дела од Ники де Сент Фал.
Каква врска има уметноста со автобуските постојки?
Освен Наните на де Фал, Хановер има повеќе од 200 уметнички дела со голем формат, скулптури и инсталации, расфрлани на различни делови од градот што го прави еден од градовите со најмногу уметност во јавен простор на m2 во Германија.





Посветеноста на овој град на тоа да има уметност во јавен простор се гледа и во проектот „Автобуски постојки: За поубаво чекање“. Од 1994 година, градот има уникатна колекција од дизајнерски автобуски постојки направени како дел од уметнички проект.
Создадени се вкупно девет интерпретации на темата на автобуската постојка, при што секоја од нив раскажува своја уникатна приказна. Идејата зад постојките е времето на чекање на патниците да биде мал одмор на посебно, пријатно место.





🗞️ (Хипер)локални вести
Еве детално упатство за тоа што може да направите доколку ви стигне сметка за струја со сомнителна сума. Граѓаните кои сметаат дека сметката за струја им е неточна може да поднесат приговор до ЕВН во рок од осум дена
Oва е фино: Колекција од скоро 1000 плочи на Горан Стефановски доби свој дом во „АудиоКултура“
🔥 Топла препорака
Mojaта препорака за оваа недела е концертот на британскиот singer-songwriter Frаnk Turner. Turner е англиски панк и фолк пејач и автор на сопствените песни. Својата соло кариера ја започнал во 2005 год, а пред тоа свирел во разни панк/хардкор бендови. Јас интензивно ја слушав музиката на Frank Turner во моите 20ти години и едвај чекам да го гледам во живо и тоа кај нас. Скоро го прослави својот 3000ти концерт и го држи рекордот за најмногу свирки во различни градови за 24 часа. Со вакви статистики позади себе, не е ни чудо што е познат по одличната атмосфера на неговите настапи во живо. Во Скопје доаѓа за прв пат, на соло акустичен настап во кино Фросина на 13 март.
🔗 Вреди да се кликне
Македонското здружение на млади правници: Клучни факти за аерозагадувањето и правната (не)заштита - Радио МОФ
15% од децата се обезни во државава, 35% од возрасните граѓани а 50% од населението е надхрането - 24 вести
МВР ги повлече измените на Законот за полиција кои ги изложуваа на ризик жртвите на семејно насилство - Радио МОФ
Осмомартовски приказни – 1915, кога низ светот беснеела Првата светска војна - Порта3
Два булевара во најава во Скопје – каде ќе водат и колку ќе чинат - 360 степени
Лица со попреченост ја слават креативноста за 8 Март - Види вака
Осмомартовски марш во Скопје: Што ќе ни се ружи, кога немаме за леб - Радио МОФ
🗓️ Настани
(10 - 16 март)
📽️ Во Cineplexx оваа недела се прикажуваат: Captain America: Brave New World, Bridget Jones: Mad About the Boy, Mickey 17, Flow, Maria, A Real Pain и Le comte de Monte-Cristo. Од 13 март (четврток) може да се гледаат и The Walk („Патување пеш“) на Тамара Котевска, режисерката на „Медена Земја“ и Black Bag на Steven Soderbergh со Michael Fassbender, Cate Blanchett и Pierce Brosnan во главните улоги.
📽️ Во Кино Милениум од оваа недела може да се гледа анимираниот филм Flow и Maria, филмот за последните денови на Maria Callas
📽️ The Straight Story во Кинотека (10 март)
📽️ Maria во Киноверзум (10 март)
📽️ Mickey 17 во Киноверзум (10 март)
🎭 „Народен непријател“ во Македонски Народен Театар (10 март)
📽️ Филмски репортажи - Кирил Ценевски во Кинотека (11 март)
📽️ „Јазол“ во Кинотека (11 март)
📽️ Mickey 17 во Киноверзум (11 март)
📽️ Captain America: Brave New World во Киноверзум (11 март)
🎭 „Мој термин“ во Македонски Народен Театар (11 март)
🎻 Yale Symphony Orchestra во Филхармонија (11 март)
🖼️ Изложба на Решат Амети „Мојот пат во уметноста“ во МКЦ (11 март)
📽️ Gladiator во Кинотека (12 март)
🎸 Jay-Jay Johanson во Филхармонија (12 март)
🎭 „Лагата” во МНТ (12 март)
📖 Промоција на роман и гостување на писателката Хелене Буковски во Europe House (12 март)
📖 Промоција на книгата „Ајде да јадеме“ од Антонио Велковски во Литература Diamond Mall (12 март)
🎤 Сценско читање со Австриската актерка Алис Шнајдер во КИЦ (12 март)
🎤 Дискусија „Родот и градот: Чии се јавните простори?“ во Јадро (12 март)
🎭 „Парови“ во Драмски театар (13 март)
📽️ Gladiator 2 во Кинотека (13 март)
📽️ Mickey 17 во Киноверзум (13 март)
🎭 „Фирма“ во Драмски театар (13 март)
🎭 „12“ во МНТ (13 март)
🎸 Frank Turner acoustic во МКЦ (13 март)
🎸 Ductape во Котур (13 март)
🎸 KHIRKI во La Kaña (13 март)
🎤 Предавање на Брендон Лабел: Акустична нега и правото на слушање во Музејот на современа уметност (13 март)
🖼️ Изложба „Кога ги следевме сенките" и средба со Наташа Неделкова во Француски институт (13 март)
🛍️ Meден Фест во Diamond Mall (13 - 16 март)
📽️ Репортажи на „Филмски новости“ од Белград и Филмски архив Чешки Новости во Кинотека (14 март)
📽️ Black Bag во Киноверзум (14 март)
🎭 „12“ во МНТ (14 март)
🎸 AFLMSMP во КОТУР (14 март)
🎸 Големата Вода и bolt gun во Буква (14 март)
🎻 Plácido Domingo во „Борис Трајковски“ (15 март)
📽️ And God Created Woman во Кинотека (15 март)
🎭 „Фамилијата Адамс“ во Драмски (15 март)
🎸 Васил Хаџиманов Бенд во Public Room (15 март)
🎸 30 години No Name Nation во МКЦ (15 март)
🎸 Electronic Retreat 2025 во Skopje Event Center (15 март)
🎸 St. Patrick’s Day со Lorekeepers Guild во Beertija Pub (15 март)
🖼️ ФИЈУК Саем во СКЦ (15 март)
📖 Промоција на книгата „Напластување“ од Јасмина Атанасова во Лабораториум (15 март)
🎤 Cosmo женски разговори: грижата за менталното здравје во East Gate Mall (15 март)
🛍️ Саем за мали фармери „Вкус кој обединува“ во Skopje City Mall (15 март)
🛍️ Second hand faves pop-up sale во Макка (15 март)
🛍️ Голема пролетна распродажба во книжарница ТРИ во ГТЦ (15 март)
📝 Саем за образование 2025 во Skopje City Mall (15 и 16 март)
🏃 26-ти Шри Чинмој маратон во Градски парк (16 март)
Настани за деца
📽️ Во Cineplexx на репертоарот се овие филмови за деца: Paddington in Peru, Sonic the Hedgehog 3, Mufasa: The Lion King, Dogman, Flow и Elli and the Ghostly Ghost Train
📽️ Во Милениум секој ден има проекции на Summer Rebels, Flow, Elli and her monster team, The Chaos Sisters and Penguin Paul и Victoria Must Go.
📽️ Elli and the Ghostly Ghost Train во Киноверзум (10 март)
📽️ Sonic the Hedgehog 3 во Киноверзум (11 март)
🎭 „Што е силеџија“ во Театарот за деца и младинци (12 март)
📽️ The Chaos Sisters Feat. Penguin Paul во Кинотека (13 март)
🎭 „Пепелашка“ во Театарот за деца и младинци (13 март)
📖 Книжевен клуб за деца во Europe House (13 март)
📽️ Elli and the Ghostly Ghost Train во Киноверзум (13 март)
📽️ Hitpig во Киноверзум (13 март)
🎭 „Семе“ во театар „Сенки и облаци“ (6 март)
🎭 „Црвенкапа“ во Театарот за деца и младинци (14 март)
📽️ Elli and the Ghostly Ghost Train во Киноверзум (14 март)
📽️ Paddington in Peru во Киноверзум (14 март)
🎭 „Лажеш Мелита“ во Театарот за деца и младинци (15 март)
🎻 “Итар Пејо“ во Филхармонија (15 март)
🎭 3D бајка: „Авантурите на Пинокио“ во Националната опера и балет (15 март)2
📽️ „Бамби: приказна за животот во шумата“ во Кинотека (15 март)
📽️ The Garfield Movie во Киноверзум (15 март)
📽️ Buffallo Kids во Киноверзум (15 март)
📝 Предавање во Планетариум во МКЦ (15 март)
🎭 „Љубопитната принцеза" во Public Room (15 март)
🎨 Работилница за изработка на кукли/марионети во Лабораториум (15 март)
🎭 „Супер Вселенко и роденденската торта“ во Public Room (16 март)
📽️ Vaiana 2 во Киноверзум (16 март)
📽️ Sonic the Hedgehog 3 во Киноверзум (16 март)
📽️ Dogman во Киноверзум (16 март)
📽️ Despicable Me 4 во Киноверзум (16 март)
Tirs на француски значи „пукање“ или „истрел“
Две претстави: во 12:00 и 14:00 часот.


Баш уживав во статијава. Информативно и поучно. Благодарам.