Дали вашиот летен одмор заврши и наредниот месец сте врзани за татковината? Или можеби летувањето ви е планирано за во септември, па едвај чекате да помине август? Во двата случаи, ако во месецот што следи немате планови за патување надвор од родната грутка, 🎶 Македонија ти нуди љубов и сѐ многу настани. 🎶
Oд филмски и музички фестивали, преку културни лета и фолклорни манифестации до outdoor активности и детски настани — ова е најисцрпната листа на случувања што ќе ја најдете на интернет. Од стадиони и плоштади, до кафичи и вили, проверете што сѐ има, пред да донесете одлука каде да одите и кој дел од татковината да го запознаете, па и засакате.
Илинденски викенд
Како и секоја година, викендот околу Илинден е популарен термин за разни летни настани.
Охрид е најчестата дестинација за овој празник. Оваа година од 29 јули до 5 август на плажата Sunny Day Beach-Gorica 3 ќе се случува Paradiso Lake Festival, со Тони Зен, Desingerica и други, меѓу кои е и диџејката Ријана. Покрај фестивалот, овој викенд има уште неколку концерти што ќе се случуваат во Охрид. Во клубот Егоист настапуваат Voyage, Relja и Nucci (2 август) и Аца Лукас (3 август). На стадионот „Билјанини Извори“ може да ги гледате Rita Ora, Senidah и 2Bona (1 август) и Слаткаристика (2 август).
Манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ почнува на 31 јули и трае до 10 август. Во текот на 10-те дена може да проследите детска програма, театарски претстави, изложби, промоции на книги, настапи на Суперхикс, Фолтин, Ретро Кабаре, па и импровизиран напад на градот.
Оваа година се одржува седмиот по ред Галичник филм фестивал, кој ќе трае од 31 јули до 3 август. Селекција oд филмови од повеќе од 20 земји ќе бидат прикажани во повеќе категории.
Галика е еднодневен настан на отворено што се одржува на ранчот за коњи Шерпа во Галичник. На 1 август, на овој фестивал на електронска музика свои сетови ќе имаат BASHKKА, Aceedo & Sasho Uzun, Emi Ermilova, MADAMI (live), Mongo & Omaru и Soul Case.
Во селото Русиново (Беровско), 1 и 2 август се резервирани за манифестацијата Илинденски видувања - Вршник Русиново. На репертоарот се настапи на фолк музичари од земјата.
Во Битола на стадионот „Петар Милошевски“, на 1 август настапува Здравко Чолиќ, а на 2 август Steve Aoki. Вториот настан е бесплатен.
Ако сакате да правите нешто позначајно од само журкање тој викенд, во Крушево има две илинденски хуманитарни крводарителски акции, организирани од локалниот Црвен Крст. Првата на 1 август во Спомен-куќата на Тодор Проески, а втората на Илинден во Пензионерскиот дом.
Во остатокот од август
Скопје
Дури пет различни филмски фестивали се одржуваат овој месец во државава. Flipbook Film Festival е фестивал на анимиран филм за кој ќе се одржи од 3 до 9 август во Котур, Кинотека и паб Sе, и оваа година ќе прикаже повеќе од 100 филмови во неколку селекции.
Фестивалот за креативен документарен филм МаkeDox oваа година ќе трае од 20 до 27 август. Сѐ уште нема детали за програмата, а кога ќе има, ќе бидат додадени и овде.
Традиционалното Карпошово културно лето оваа година ќе се случува од 20 до 30 август и не се знае кој и што ќе има на него затоа што општината пред десетина дена распиша оглас за ангажирање на фирма што ќе го организира.
Лабораториум го најави „Скопје Вибрира“ — серија културни настани што ќе се одржуваат во текот на август. Програмата ќе вклучува концерти, филмски проекции, работилници и танцови настани.
Покрај вода
Охридско лето ќе трае до 20 август, кога ќе се затвори со мјузиклот „Као Какaо“ во Античкиот театар. Дотогаш ќе може да гледате концерти, филмови, театарски претстави и програма за деца.
Античкиот театар во Охрид ќе биде домаќин на Дупер, Жељко Самарџиќ (8 август), Симон Трпчески (13 август), Црвена јабука (14 август) и многу други.
Од 5 до 9 август во Струга се одржува филмскиот фестивал Drim Short, на кој може да гледате кратки филмови или да посетите тематски вечери, дискусии и мастер-класови со познати имиња или да слушате музика (Дина Јашари, Аntarktik).
Ohrid Water Festival трае oд 12 до 30 август и опфаќа 21 спортско-рекреативен настан на Охридското Езеро, меѓу кои едрење, кајак, ватерполо, нуркање, пливање, СУП, акватлон и трки со традиционални кајчиња. Фестивалот завршува со Меѓународната веслачка регата „Охрид 2026“. Освен спорт, ќе има и музичка програма (Нокаут, Ѓоко Таневски).
На 15 и 16 август ќе се одржи „Камп фест Преспа 2026“ со бесплатно кампување, музика и дружење покрај езерото, екоедукација, акција за чистење и велосипедска тура по патеката Крани–Претор.
38. Поетска ноќ во Велестово ќе трае 3 ноќи. Од 21 до 23 август, на локации во Велестово и во Охрид. На единствениот книжевен фестивал ова лето, освен поетски читања, може да видите и изложба, концерт и промоции на книги.
На планина
ВИР фестивалот на електронска музика и мултимедијална уметност оваа година се одржува во месноста Топлик кај Гевгелија. На 14 и 15 август, Вир нуди настапи во живо, диџеи, уметнички инсталации, работилници и планинарски тури. На 8 август во Гевгелија, ВИР во соработка со фестивалот на филм и музика ЅИРНИ, најавува промотивен настан на кој ќе има кино на отворено и музичка програма.
На 15 и 16 август, Крушево е домаќин на outdoor фестивалот Крушево низ корија. Активностите вклучуваат велосипедски тури, планинарење, тандем летови со параглајдер, забави и „заедничко пеење на химната и повечерје“.
На 22 и 23 август на Ски-центар Михајлово на Кожуф ќе се одржи „Во срцето на Кожуф – Михајлово“, со музичка програма и активности на отворено. За посетителите се најавени велосипедски и планинарски рути, а организатор е Здружението за планински велосипедизам, планинарење и кампување K3 Bike Hike and Camping.
На 23 август, на тениското игралиште во Маврови Анови ќе се одржи „Повторно на стаза“, настан посветен на размена, поправка и реупотреба на спортска опрема. Ќе можете да размените, продадете или купите користени скии, велосипеди, рекети, санки и друга опрема, а ќе има и бесплатен сервис за мали поправки, текстилна работилница за спортска облека, DIY идеи за пренамена на стара опрема и едукативни активности за деца.
Источна Македонија
Овогодишното, 20. издание на Струмичкиот филмски фестивал Астерфест ќе трае од 4 до 8 август. Темата е „Со отворени очи“, а на програмата, покрај проекции има и промоција на книги, мини работилница и посета на манастир.
На Споменикот на слободата во Кочани, на 8 август ќе се случува второто издание на хуманитарниот музички фестивал Расплет. Ќе настапат Мартин Џорлев, Член 16, Персеида, Големата Вода и други.
Од Гевгелиското културно лето 2026 остана уште еден настан што ќе се одржи на 5 август.
Македонска Каменица на 9 август ќе го одбележи Денот на дијаспората со детски фестивал и настапи на Софија Манева и групата K4, КУД „Вера Јоциќ“ и диџеј Галоски.
Диџеите Paul van Dyk и Paul Oakenfold ќе настапат во Струмица на 16 август, како дел од манифестацијата „35 години независност на Македонија“ која започнува на 2 август во Битола со настап на Steve Aoki, а завршува на 8 септември во Скопје со настап на David Getta.
Кривопаланечкото културно лето 2026 започна во јуни и ќе заврши на 29 август со настапи на Лепа Брена, Жељко Самарџиќ и Слаткаристика. На програмата се повеќе од 60 културни и забавни настани: концерти, театарски претстави, изложби, фестивали, детски содржини, креативни работилници и повеќе.
И Кавадарци ова лето ќе биде домаќин на десетици културни настани во рамки на Кавадаречко културно лето 2026. Програмата, која ќе трае до август, вклучува театарски претстави, филмски проекции, концерти, изложби, фолклорни средби, детски работилници, улични баскет-настани и настапи на музички бендови од земјата и регионот. За информации за програмата следете го Митко Јанчев.
Во рамките на Велешко лето, општината организира настани од областа на музиката, литературата, ликовната и филмската уметност и друг вид на уметност што се одржат на различни локации низ градот. Неделната програма редовно ја објавуваат на нивниот фејсбук профил.
Западна Македонија
Во Битола, во античкиот театар „Хераклеа“ настапуваат Жељко Самарџиќ (7 август), Симон Трпчески (14 август), Црвена јабука (15 август), а ракометното игралиште на 8 август е букирано за S.O.S. Festival на кој ќе настапат Тони Зен, Лозано и Два Бона.
Од 14 до 16 август, Плетвар ќе биде домаќин на „Најјакио фестивал на Свето“. Организаторите најавуваат три дена музика (Калико, Искра, Член 16, Мрша, ТМУР, Tsar Von Time), кампување, диџеи, уметничка програма. Настанот ќе се одржи во вила „Ана Плетварска“, па може да замислите дека картите ќе се продаваат во ограничен број.
Во Гостивар на 16 август ќе се одржува The Park Festival. Настанот беше најавен за 28, 29 и 30 јули и во последен момент презакажан за 16 август. Не е јасно како тридневната програма ќе се собере во еден ден.
Кичево е град на културата за 2026 и ова лето во градот има многу настани, театар, изложби и музика. Мизар, Леб и Сол, Дина Јашари и „Танец“ веќе настапија, а за идните настани следете ја нивната фејсбук страна.
Богородица викенд
ЈОЈО’S United 4 ќе се случува во камп Љубаништа од 27 до 30 август. Настанот нуди водени спортови, јога, диџеи, адреналински парк и детско катче.
Згужван Лешок се случува на 27 и 28 август во Лешочкиот кафич „Гужва“. Првата вечер е со настапи на The Ringtones, Дупер и Галоски. Следното утро, програмата продолжува со детски содржини.
15. издание на Прилеп џез викенд ќе се одржи од 27 до 29 август. Програмата не е објавена сѐ уште. Проверете го овој пост подоцна во месецот.
Ако не сте љубители на џез, а сте во Прилеп, проверете го вториот по ред AirFlow Music Festival, кој ќе се одржи на 28 и 29 август на спортскиот аеродром во Прилеп. Диџеи и Каролина се дел од програмата.
Во Античкиот театар во Охрид настапуваат Jelena Tomašević и Ivan Bosiljčić (28 август) и Нина Бадриќ (29 август).
Во Битола, во ист ден (29 август) настапуваат Фолтин во Хераклеа и Аца Лукас на ракометното игралиште.
На Рудар Рок Фест кој по 12-ти пат ќе се одржи во Пробиштип ќе настапат Паркети, GreyNoise, Power Surge и Alogia. Влезот е бесплатен, а датумот е 29 август.
Во Радовиш пак, а 28 август, на паркингот „Орел“, ќе се одржи рок-вечер за Денот на македонските рудари, на која ќе настапат Меморија и Ареа.
Богородица е битен празник во Берово. И оваа година таму ќе се одржи музичката манифестација Етно Плоштад Фестивал 2025 и саемот на традиционални малешевски производи „Малешевијата на дланка”. Од 27 до 29 август, на плоштадот ќе има музички настапи (Гоца Тржан, Синтезис), фолклорна програма и саем на храна, рачни изработки и домашни производи.
На 28 и 29 август, во Гевгелија ќе се случува 18. по ред мултимедијален арт-фестивал БОШ Фестивал. Дел од програмата е веќе објавена: очекувајте изложби, концерти (Член 16, Taxi Consilium) и повеќе.
🎈 Настани за деца
Од 3 до 7 август Битола повторно ќе биде домаќин на Интернационалниот детски театарски фестивал Битолино, кој го одбележува своето 15. јубилејно издание. На пет сцени во Центарот за култура и Народниот театар ќе гостуваат детски театри од седум земји.
Малку постарите деца (од 13 до 16 години) може да учествуваат во Base Camp Љуботен, кој ќе се одржи на 22 и 23 август во Хостел „Китка“ - Вратница. Планирани се едукативни активности, предавања и планинарење.
Оваа листа ќе биде ажурирана со нови настани и информации секоја недела. Зачувајте го постот и проверете пак.
🔗 Вреди да се кликне
Без лажни вести и без кликбејт
Природата ги чува градовите - ДОМА
Државата нема одговор за крахот на Вториот пензиски столб - Рес Публика
Домови за стари лица: ги има, но далеку од доволно - Deutsche Welle
Локални мерки за регионален проблем – како Југоистокот се справува со бездомните кучиња - Локал Актив
Од бесплатно до 4.500 евра: Како се закупуваат културните институции - Призма
Скопје 63 години по земјотресот / Реминисценции од 1963г. - МАРХ
Преспа – светски епицентар на биодиверзитетот или наша локална депонија? - ДОМА
„Kатастрофите не се спречуваат по невремето, туку пред него“ - Види вака
🗓️ Настани (29 јули - 4 август)
Листава е обновувана во текот на неделата, проверете пак
📽️ Во Cineplexx моментално на редовен репертоар се: Scary Movie 6, Obsession, Evil Dead Burn и The Odyssey. Од 30 јули на репертоарот ќе биде додаден и Spider-Man: Brand New Day.
📽️ Во Киноверзум секој ден има проекции на Spider-man: Brand new day и The Odyssey.
29 јули (среда)
📽️ „Македонски дел од пеколот“ во Кинотека
📽️ Rooftop Open Air Cinema: The Hunger Games: Catching Fire во City Mall
🖼️ „Прекин во тек“ изложба на Игор Тошевски и ОПА (Опсесивно посесивна агресија) во Музејот на современата уметност
🎤 „Отворен ден во Општина Карпош“ – средба со градоначалникот и раководителите на општинските сектори во Општина Карпош
🎸 • ком во паб Sе
30 јули (четврток)
📽️ „Манаки – приказна во слики“ во Кинотека
🎻 Скопско лето: Концерт „Звук што расте“ по повод 40 години од Камерниот оркестар на ММУ „Саша Николовски – Ѓумар“ во Сули ан
🎸 Скопје вибрира: Theremin showcase во Лабораториум
🎸 „Make Balkan Emo Again 2: The Last Mile, Bearing Flowers, Mallard, Сокол и At the End of Your Worst Memory во паб Sе
🎨❤️🩹 Креативна upcycling работилница за изработка на поводници за кучињата згрижени во ЈП „Лајка“ на Средно Водно
31 јули (петок)
📽️ Кратки документарни филмови во Кинотека
📽️ Rooftop Open Air Cinema: Ocean’s Thirteen во City Mall
📽️ Скопје вибрира: Ревија на Француски филм „Повторно раѓање“ во Фино кино
🎸Себастијан Фицек Tribute Night: Дојди ако се осмелуваш во Сакам Книги - Лептокарија
🎸 Алтернативно Скопје #5: Тмур во La Kaña
1 август (сабота)
📽️ Rooftop Open Air Cinema: Сенки во City Mall
📽️ Скопје вибрира: Ревија на Француски филм „Романот за Џим“ во Фино кино
🎸 Алтернативно Скопје #5: Мрша во La Kaña
2 август (недела)
Филмтастична недела во Cineplexx
3 август (понеделник)
📽️ Македонски филм. На големо платно: „Деца на сонцето“ во Cineplexx
📽️ Flipbook Филм Фестивал во Котур
4 август (вторник)
📽️ Flipbook Филм Фестивал во Котур
🎈 Настани за деца
📽️ Во Cineplexx секој ден се прикажуваат Toy Story 5 и Minions & Monsters.
📽️ Во Киноверзум секој ден има проекции на Toy Story 5.
29 јули (среда)
🎨 „Изработка на букети со цвеќиња и лижавчиња“ – хуманитарна креативна работилница во парк Ѓорче Петров
30 јули (четврток)
🎨 „Цртање несесери и прибори“ – хуманитарна креативна работилница во парк Ѓорче Петров


