Верувам дека повеќето што ја читате Кирилична Поддршка сте доволно стари возрасни за да сте имале аналогно детство, без мобилен и сеприсутен интернет. Многу од нас научија да собираат со помош на табланет и да бројат со „Не лути се човече“.1 За многумина, фразата „друштвени игри“ буди слични асоцијации - макао со баба и дедо, кент со другарчињата пред зграда, и други детски спомени.
Друштвените игри денес се сериозен пазар насочен кон возрасните, и за сѐ поголем број луѓе, современата друштвена игра е популарен начин да се помине попладне или вечер со пријателите. Изборот на игри е навистина неограничен - од едноставни „забава за целото семејство“ игри како Snakes and Ladders, преку историски, научнофантастични, трилер-мистерии и авантури, до сериозни економски и воени стратегиски игри каде потребен ви е половина час само за да ја наместите таблата во почетната позиција, и сѐ измеѓу.
За тие што редовно играат и за сите заинтересирани да пробаат, во Скопје неодамна се отвори Портал, место што е „игротека за големи деца и клуб за друштвени игри“.
За него разговарав со Марија Панкова, сопственичка на Портал.
Зошто и како решивте да се впуштите во оваа авантура?
Пред многу години со моите пријатели одевме во едно локалче по име Little Britain каде што можевме да се собереме, да испиеме едно кафенце и да играме карти и друштвени игри. Кога евентуално местото затвори и ние пораснавме во големи деца, стана сѐ потешко да најдеме место каде што би можеле да се собереме, да играме и да дружиме. Портал е мојот одговор на вечниот проблем „Кај кого има место да се собереме?“, како и мојата покана до заедницата кои се љубители на друштвени игри.“ вели Марија.
Кои се правилата на игра во Портал и како функционира?
Правилата на Портал се многу едноставни. Можете да дојдете сами или да си понесете ваше друштво, а игрите и пијачките ги обезбедуваме ние. Доколку би сакале да играте нешто од вашата лична колекција, секако сте и вие добредојдени.
За идните планови и наредните потези, Марија открива:
Нашата цел е Портал да стане место каде што луѓе ќе си ја наоѓаат својата заедница. Денес е друштвени игри, утре се креативни активности како правење опрема за cosplay, собиранки со book club каде ќе се дискутираат популарни книги од сферата на фантазија и научна фантастика, групни arts and crafts дружби и уште мнооогу други интересни и nerdy активности!
Портал се наоѓа во Тафталиџе на Дрезденска бр. 19-13 и работи од среда до недела. За повеќе новости и активности следете ги на нивниот инстаграм профил.
🗞️ (Хипер)локални вести
Новости кои може да ви направат разлика
Од 15 јуни, лентите за MTAG на патарините ќе бидат наменети исклучиво за возила со MTAG. Корисниците на MCARD повеќе нема да можат да ги користат овие ленти и ќе треба да поминуваат преку останатите наплатни места.
Матичните лекари наскоро ќе можат да препишуваат никотински фластери и никотински гуми за џвакање како дел од терапијата за откажување од пушење. Министерството ја ажурирало есенцијалната листа на лекови и по првпат во неа се вклучени средства за одвикнување од пушење.
На Детската клиника е отворен Центар за третман на дебелина кај деца. Во центарот ќе работи мултидисциплинарен тим составен од педијатри, ендокринолози, нутриционисти, психолози и други специјалисти. Пристапот до услугите се одвива преку системот „Мој Термин“ со упат од матичниот лекар или педијатар.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) утврди дека кај дел од млечните производи на домашниот пазар има неусогласености меѓу декларираниот и реалниот процент на млечна маст. Курир неофицијално објави и список со имињата на млекарниците и производите за кои тврди дека биле опфатени со контролите.
АХВ досега не објави детали за тоа кои конкретни производители биле предмет на утврдените отстапувања, ниту го коментираше списокот на Курир.Во Центар стапи на сила нов сообраќаен режим кај Јужен булевар поради изградбата на подземната сообраќајница под комплексот згради на „Лимак“. Видете детали за тоа кои улици во близина на Тутунски комбинат сега се еднонасочни.
Орце Ѓорѓиевски најави серија средби со граѓаните под мотото „Доаѓаме директно кај вас“. Следете го на фејсбук за да дознаете кога ќе дојде во вашата општина.
Општина Гази Баба и оваа недела поставува контејнери за кабаст отпад на нови локации низ општината. Видете ја листата тука.
Гази Баба ќе доделува по 3.000 денари на секое прваче запишано во основните училишта на територијата на општината. Средствата ќе им бидат исплатени на родителите по доставување на потребната документација.
🔗 Вреди да се кликне
Експертите предупредуваат за градежен хаос – инвеститори без контрола, градилиштата небезбедни - Вечер
Граѓанска конфискација: Големи амбиции, слаби резултати - Призма
Јапонски специјалитети со кочански ориз - Види вака
🔎 Настан во фокус
На 3 јуни во Мобилната галерија во Паркот на Франкофонијата од 18:00, ќе се отвори изложбата „Меѓу нас“ на Горан Костовски-Индог - илустратор, дизајнер, уличен уметник, DJ и активист.
Проектот произлегува од долгогодишното истражување на темата „Славење на животот“, започнато во 2011 година, и во оваа фаза се фокусира на емпатијата, љубовта и колективната грижа како двигатели на подобра иднина.
На изложбата ќе може да се видат илустрации, платна и графики што ги истражуваат емоционалната состојба на човекот и неговата поврзаност со природата и заедницата.
Изложбата ќе може да се погледне секој ден до 10 јуни во периодот помеѓу 18 и 20 часот.
Следете го Индог на инстаграм овде и дознајте повеќе за неговата работа на www.indog.info
🗓️ Настани (2 - 9 јуни)
Листава ќе биде обновувана во текот на неделата, проверете пак.
📽️ Во Cineplexx моментално на редовен репертоар се: Michael, The Devil wears Prada 2, The Mandalorian & Grogu, Mortal Kombat 2, Obsession и „Горчлив Божиќ“ од Педро Алмодовар. Од 3 јуни на репертоарот ќе биде додаден и филмот Scary Movie 6, а од 4 јуни и Masters of the Universe.
📽️ Во кината на Киноверзум во Драчево и Кисела Вода се прикажуваат The Devil wears Prada 2, The Mandalorian & Grogu и Obsession.
2 јуни (вторник)
📽️ „Три Ани“ во Кинотека
📽️ Студентски филмски проекции во Котур
🎭 Премиера на „Као какао“ во Македонски народен театар
🎻 Скопски Брас Фестивал: Концерт на дувачкиот оркестар на ФМУ во Музеј на македонската борба
🎤 Панел дискусија „Што не учат децата, а треба? Вештачката интелигенција и иднината на образованието“ во хотел „Лимак“
🎸 Џез за чудаци #29 во паб „Ѕе“
3 јуни (среда)
📽️ Филмски омаж на Анте Поповски во Кинотека
📽️🎤 „Диџеј Ахмет“ + telling stories со режисерот Георги Унковски во Котур
📽️ Horror night: Премиера на „Страшен филм 7“ во Cineplexx
🎭 Премиера на „Као Какао“ во Македонски народен театар
🖼️ „Меѓу нас“ самостојна изложба на Горан Костовски - Индог во Мобилна галерија (Парк на Франкофонијата) (до 10 јуни)
🖼️ Годишна изложба на ФЛУ 2026 на Педагошки факултет
🎸 OFFest: Guitari Baro / BCUC во Национална опера и балет
🎤 Skopje Pride Weekend: „Анархитектура после сѐ“ – јавно предавање на Џек Халберстам во МСУ
🍴 Skopje Street Food Festival во Градски парк
4 јуни (четврток)
📽️ Филмски омаж на Анте Поповски во Кинотека
📽️ Недела на палестински филм: „The Voice of Hind Rajab“ во Котур
🎻 „Младите доаѓаат“ – концерт со учениците од државните музички училишта во Македонска филхармонија
🎭 Skopje Pride Weekend: „Евнуси“ – перформанс на Irmãs Brasil во МКЦ
📚 🖼️ Промоцијата на книгата „Женска работа: Современиот вез во земјите од поранешна Југославија“, уредена од Амалија Стојсављевиќ + Изложба на текстил и вез од Христина Иваноска, Зорица Зафировска и Дарко Алексовски во Јадро (до 9 јуни)
🖼️ „Трансформирана меморија“ – самостојна изложба на Данче Орцев во Галерија Остен
🖼️ 100 години Природонаучен музеј: Изложба на накит од Марта Пејоска инспириран од дивиот свет во Природонаучнот музеј
🎸 OFFest: Nils Økland & Sigbjørn Apeland / Dobrila & Dorian во Национална опера и балет
🎸🎨🎮 🖼️ 🪧 Infusion Festival на повеќе локации
🎤 Дискусија „Од каде сега феминативи“ во Лабораториум
🍴 Skopje Street Food Festival во Градски парк
🛍️ Pop-up + Trinket Exchange во Beerтија паб
🛍️ Соларен саем МАКСОЛ ЕКСПО во Skopje City Mall
5 јуни (петок)
📽️ Филмски омаж на Анте Поповски во Кинотека
🎭 „Парите се отепувачка“ – гостување на Народен театар Охрид во Драмски театар
🖼️ „СтрипТрип“ фестивал во МКЦ
🖼️ Годишна изложба на ФЛУ 2026 во Сули ан
🖼️ „Современици во историјата на уметноста“ – изложба на средношколци во Лабораториум
📚 Промоција на книгата „Од Црвенкапа до Џинџуџе“ од Весна Мојсова-Чепишевска во КИЦ
🎸 OFFest: Raül Refree & Maria Mazzotta / Les Amazones d’Afrique во Национална опера и балет
🎸 Теодора Џехверовиќ во Стадион на АРМ
🎸🎨🎮 🖼️ 🪧 Infusion Festival на повеќе локации
🎤 Перформанс Платформа Фестивал: „Utopia as Practice; Practice as Ritual; and Dance as a Practice of Being in Pleasure“ – предавање на Лусијана Ачугар (САД) во Јадро
🎤 🎭 Не така чичко, срамота во Љубов бар
🍴 Skopje Street Food Festival во Градски парк
🍴🛍️ Gin Lane фестивал во Skopje City Mall
🛍️ Соларен саем МАКСОЛ ЕКСПО во Skopje City Mall
6 јуни (сабота)
📽️ Филмски омаж на Анте Поповски во Кинотека
📽️ OFFest: „Elis & Tom“ – документарен филм во Кино Фросина
🎭 „Вечера за глупаци“ – гостување на „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес во Драмски театар
🎭 Skopje Pride Weekend: „Без извинување“ – перформанс на Emma Frankland во Драмски театар
🎭 „Љубовни писма“ во The Dude Specialty Coffee
🩰 Перформанс Платформа Фестивал: „The Pleasure Practice (A Spell for Utopia)“ – култренинг со Лусијана Ачугар - Танцова работилница за професионалци и непрофесионалци во Јадро
📚 1000 бесплатни книги од Дијана во Комбо
🖼️ „СтрипТрип“ фестивал во МКЦ
🎸 OFFest: Matchume Zango / Zawose Queens во МКЦ
🎸🖼️ Концерт и промоција на нов албум на Миа Перевска + изложба „Scum“ во Јавна Соба
🎸🎨🎮 🖼️ 🪧 Infusion Festival на повеќе локации
🎸 “With a Little Help from my Friends” инклузивен музички концерт во Лабораториум
🎸 „Maoyna“ во Ла Кања
🐾 Лајка Фест во Градски парк
🍴 Skopje Street Food Festival во Градски парк
🛍️ Интернационален саем на музика и винил во Diamond Mall
🛍️ Соларен саем МАКСОЛ ЕКСПО во Skopje City Mall
7 јуни (недела)
🎭 „Џеки“ во Драмски театар
🎭 „Љубовни писма“ во The Dude Specialty Coffee
🩰 Перформанс Платформа Фестивал: „Амам интернационала – под куполите“ – перформативен патопис/колективна изведба пред остатоците од поранешниот Ѓулчилер/Шенѓул амам (до Куршумли ан)
🖼️ „СтрипТрип“ фестивал во МКЦ
🎸 Концерт на Музичкото училиште „Enterprise“ во Парк на Франкофонијата
🐾 Лајка Фест во Градски парк
🍴 Skopje Street Food Festival во Градски парк
8 јуни (понеделник)
📽️ „Медена ноќ“ во Кинотека
📽️ Македонски филм. На големо платно: „Плати и жени“ во Cineplexx
🎭 „Куршуми над Бродвеј“ во Драмски театар
📚 Промоција на книгата „Друго е на сонце“ од Бојана Низамовска и Руки Чуки во Илика
📚 „Јас, другите и заедницата“ – читачка средба за „Човековата потрага по смисла“ од Виктор Франкл во Јадро
9 јуни (вторник)
📽️ „Ефектот на среќата“ во Кинотека
🎭 „Бардо Тодор“ во Домот на културата „Билјана Беличанец“
🎭 „Физика на тагата“ во Центар за култура Ѓорче Петров
🩰 Фестивал на класичен балет и модерен танц во Македонски народен театар
📚 Промоција на романот „Понекогаш се враќаат“ од Димитрие Дурацовски во Литература во Diamond Mall
📚 Промоција на книгата „Нервозна сум“ од Стефанија Граовац во КИЦ
🎤 „Mensa Presents“ во Лабораториум
🎸 Џез за чудаци во паб „Sе“
🎸 „Урбан фест 2026“ во Градски парк
🎈 Настани за деца
📽️ Во Cineplexx секој ден има проекции на The Super Mario Galaxy Movie, Three Bags Full: A Sheep Detective Movie, Scarygirl и Tom and Jerry: Forbidden Compass. Од 4 јуни, на репертоарот ќе биде додаден и The Amazing Digital Circus: The Last Act.
📽️ Во кината на Киноверзум се прикажува Tom and Jerry: Forbidden Compass.
3 јуни (среда)
📽️ Патувачко кино за деца на различни локации
4 јуни (четврток)
🎭 Цветната улица во Театарот за деца и младинци
5 јуни (петок)
📽️ Патувачко кино за деца на различни локации
🎭 Тоби во Театарот за деца и младинци
6 јуни (сабота)
📽️ Патувачко кино за деца на различни локации
🎭 Гига Мега бајка во Театарот за деца и младинци
🌿 🎨 Креативна работилница „Водоземци и влекачи: од страв до восхит“ во City Mall
Учењето да не се лутиш беше дополнителна, опционална лекција.


