Уште две недели остануваат од есента и со доаѓањето на зимата доаѓаат и токсичните денови, со најголемо загадување. Во минатото, луѓето биле посвесни за циклусите на природата. Долгите, студени и темни делови од годината биле потешки периоди со неизвесност и намалена работа, па затоа заедницата морала да најде начин да си го олесни и развесели овој дел од годината. Така некако настанале зимските прослави: со гозби, огнови, ритуали и собири, луѓето создавале точки светлина во најмрачните и најкратките денови, за да се соберат и да го одбележат минувањето на времето, да се потсетат дека постои ред, ритам и нешто што вреди да се дочека.
Токму од тие пагански почетоци биле создадени Божиќните пазари какви што ги знаеме денес. Иако тие сега изгледаат многу христијански (Адвент, сцени од Христовото раѓање, елки) нивното потекло има силни пагански елементи поврзани со зимската краткодневница и претхристијанските обичаи, кои биле ритуали насочени кон повторното враќање на светлината, одбележувањето на крајот на годината и почетокот на новата.
Божиќни пазари и туристички замки
Божиќните пазари што ги има на секој ќош и се меѓу најстарите и најубавите во Европа, кафе културата, класичната музика и украсувањето на градот ја прави Виена една од најпопуларните дестинации за посета во тој период. Од грандиозниот Christkindlmarkt пред Rathaus-от (кој е толку полн со луѓе што движењето низ него е како на концерт) до помалите, поинтимни маалски пазари, градот нуди комбинација на локални рачно изработени производи, широка палета на топли и благи алкохолни пијалоци, концерти во цркви, активности за деца и атмосфера која не е само за туристи - и локалците се среќават и се дружат таму.
Прошетка: На ден кај Хабсбурзите
Дворецот Schönbrunn бил главната летна резиденција на Хабсбурзите и е еден од најзначајните барокни комплекси во Европа. Граден и надградуван низ повеќе векови, својот конечен и денешен лик го добил во средината на 1700-тите во времето на Марија Терезија и денес е најпосетуваната атракција во Виена. Во склоп на Schönbrunn, на површина од 160 хектари, покрај дворецот има огромни градини, лавиринт, шума, скулптури, зоолошка и ботаничка градина.
Најдобар поглед кон замокот има од ридот на кој се наоѓа глориетата - мала градба што тогаш била користена како ресторан на отворено, а денес има кафич со разни тортести кафиња и тортести торти.

Храна: Нечовечки количини шеќер и тужби за рецепт
Виена како престолнина на Австроунгарската Империја има богата историја на слаткарство и десерти, а нашите домаќини имаат богата историја на идење по слаткари (кога нѐ шетаа во Будимпешта пробавме 7 различни слатки во едно попладне) што значи многу од времето беше поминато во јадење благо. Најпознатата торта е секако Sacher torte чоколадна торта со чоколадна глазура што се служи со шлаг од страна. Најдоброто место да се проба оваа торта е хотелот Sacher во Виена, во предновогодишна сезона треба да се резервира отприлика месец дена однапред, па затоа ние ја пробавме во второто најдобро место - слаткарницата Demel. Измислена од слаткарот Франц Захер во 1832 или 1840, подоцна оваа торта била предмет на судски спор за оригиналниот рецепт. Денес, Sacher и Demel си имаат свои тајни рецепти, но се знае дека некои од состојќите се: путер, јајца, брашно, шеќер и чоколадо.

🗞️ (Хипер)локални вести
Минатиот понеделник МВР го стави во функција системот Safe city, и уште на првиот ден регистираше 110000 прекршоци меѓу кои и еден што возел со брзина од 231 km/h на скопската обиколница. Фактот дека наредниот ден бројот на прекршоци паднал на 50652 е доказ за тоа колку нашиот народ е бистар и брзо учи. Освен пречекорување на дозволената брзина, ќе се казнуваат и: полукружно вртење каде што е забрането, погрешно престројување, разговор на мобилен телефон и паркирање на места со строга забрана.
Општина Карпош објави термини во кои граѓаните ќе може да се сретнат со претставници на општината и да дадат идеи, предлози и сугестии за општинскиот буџет за 2026.
Oпштина Гази Баба има специјална email адреса (budzet2026@gazibaba.gov.mk) на која секој жител на општината може да пише предлог-проект. Градоначалникот ветува дека секој мејл што ќе стигне на таа адреса ќе биде разгледан.
Лабораториум, еден од најживите простори во Скопје што затвори на крај на август, се враќа со два настани оваа недела (види подолу во настаните). Иако на нивните профили на социјалните мрежи има само teasers, изгледа дека новата локација е негде кај Сојуз на синдикати, поточно: “12та Македонска ударна бригада бр, 2а - паркинг позади старата Градска болница - Скопје“ според еден од настаните.
🛜 Интернет кафѐ
3 нешта што може да ги направите на интернет, а не е скролање социјални мрежи
Да го оптимизирате земањето слободни денови во 2026 за да добиете повеќе споени денови. Со стратешко земање слободни денови помеѓу празници и викенди ќе минимизирате колку работни денови користите, а ќе максимизирате колку слободни денови имате во низа. Математиката може да ја направи алатката https://spoidenovi.mk
Да го проверите вашето ниво на медиумска писменост. Четири квиза со совети и објаснувања на теми како манипулација со информации, препознавање на пропаганда и лажни вести, дигитална безбедност и сл.
Да го проверите вашето знаење за човекови права преку играта Навигатор. До 14 декември, со играње учествувате во наградна игра со главна награда: ваучер за ИТ опрема од 60.000 денари
🔗 Вреди да се кликне
Без лажни вести и без кликбејт
Големи планови за дијаспората, мала доверба кај иселените - Рaдио Слободна Европа
Електричните тротинети го загрозуваат пешачењето во Скопје – расте бројот на незгоди - Deutsche Welle
Земјоделските семејства јадат повеќе леб и зеленчук, а градските повеќе месо и салами - Пари
Зошто учениците не се писмени колку што се одлични? - Рaдио Слободна Европа
„Женското е туѓа фамилија“ - Медуза
Едвард Хопер – најважниот американски реалистичен сликар на 20 век - Порта3
🗓️ Настани (8 - 14 декември)
Листава ќе биде обновувана во текот на неделата, проверете пак.
📽️ Во Cineplexx оваа недела на редовен репертоар се: Regretting You, Predator: Badlands, Wicked: For Good, Now You See Me: Now You Don’t, The Running Man, Bugonia, Five Nights at Freddy’s, Hajduk u Beogradu, „Утре наутро“ и „Диџеј Ахмет“. Од 11 декември на репертоарот ќе бидат додадени и Povratak Žikine dinastije и Treći svijet.
8 декември (понеделник)
📽️ Cinedays во МКЦ и Кинотека
📽️ Five Nights at Freddy’s 2 во Киноверзум
🎻 ArtChemiа: Students play во Аудиокултура
🎸 ROCK’N’ROLL IN JAZZ: Национален Џез Оркестар со Дарко Рундек, Рамбо Амадеус и Влатко Стефановски во Филхармонија (распродаден)
9 декември (вторник)
📽️ Cinedays во МКЦ и Кинотека
📽️ Five Nights at Freddy’s 2 во Киноверзум
🎭 „Народен пратеник“ во Македонски народен театар
📚 Промоција на книгата „Оние работи: есеи за женската сексуалност“ од Јасна Жмак во Netaville
📚 Доделување на наградата „Пегаз“ и промоцијата на победничкиот роман „Кривата Дијана“ од Фросина Пармаковска во Литература во Diamond Mall
🖼️ „Проткајување“ – самостојна изложба на колажи на Билјана Мицковиќво Јадро
🎤 Подкаст пред публика: „Копање по музичката историја и сегашност - Bastion“ во Круг
🎸 Џез за чудаци 15 во Буква
10 декември (среда)
📽️ Cinedays во МКЦ и Кинотека
📽️ Five Nights at Freddy’s 2 во Киноверзум
📽️ Wicked: For Good во Киноверзум
📽️ Филмска програма МСУ 2025: “Во создавање: Изведи | Исцрпи“ во Музеј на современа уметност
📽️ „Cinema Made in Italy – Денови на италијанскиот филм“ во Cineplexx
🎭 „Бели ноќи“ во Македонски народен театар
🎭 „ППЖ13: “This Is My Truth Tell Me Yours“ – перформанс на Јасна Жмак во ФДУ
✂️ Креативна работилница за креирање на лампиони од стара облека во Ништо ново
🖼️ Лара Коробкина – прва самостојна изложба во КИЦ
🖼️ Изложба „Иницирај промена креирај гласно – изложба на емоции“ во Сули ан
📚 Промоцијата на книгата „Три лица на љубовта“ од Митко Чешларов во Филхармонија
❤️🩹 Вечер на солидарност во Цреша бар
❤️🩹 Донаторска акција „Тегла плус“ на повеќе локации
11 декември (четврток)
📽️ „Диџеј Ахмет“ во Кинотека
📽️ Премиера на „Враќање на Жикина династија“ во Cineplexx
📽️ „Cinema Made in Italy – Денови на италијанскиот филм“ во Cineplexx
🎭 „Мој термин“ во Македонски народен театар
🎻 Новогодишен концерт на Градскиот дувачки оркестар во Кино Фросина
🎤 Трибина: „Остварувања и предизвици“ – заокружување на проектот „Паралели и синтези“ во КИЦ
✂️ Работилница за изработка на накит од стара облека или текстил во Ништо ново
🎸 Заеднички концерт на Мартин Џорлев, Нинослав Спировски и Мартин Георгиевски во Дуња
🛍️ Предновогодишен базар на книги во Skopje City Mall
🛍️ Предновогодишен базар во Ramstore Mall
12 декември (петок)
📽️ „Диџеј Ахмет“ во Кинотека1
📽️ „Cinema Made in Italy – Денови на италијанскиот филм“ во Cineplexx
🎭 „Торонто експрес” во Македонски народен театар
🎻 Концерт на Мухамед Ибрахими во Даут-пашин амам
🎻 „Музика сега“ во Филхармонија
🖼️ „Патувања“ – креативен инклузивен проект по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост во Мала станица
📚 Промоција на книгата „Само уште еден скок“ од Енис Хилми во Лабораториум
🎸 „Сецко: 40 години музика“ во МКЦ
🛍️ Предновогодишен базар на книги во Skopje City Mall
🛍️ Предновогодишен базар во Ramstore Mall
13 декември (сабота)
📽️ „К-15: Од другата страна“ во Македонски народен театар
📽️ „Cinema Made in Italy – Денови на италијанскиот филм“ во Cineplexx
🎶 „Севилскиот бербер“ во Националната опера и балет
📚 Промоцијата на новиот број на списанието „Зенит“ и разговор со Влада Урошевиќ во Метаноја
📚 Промоција на книгата за деца „Сон… и бои… и ноти“ од Алма Растодер, Калиопи Трпчева и Ади Имери во Лабораториум
🎸 Скопје Music Weekend: Voyage, Nucci и Biba во арена „Јане Сандански“
🎸 Концерт на Regina во Јавна соба
🎸 AGRY во арена „Борис Трајковски“
🎸 Cardinal Point + Sunneater во Македонски Паб „Ѕе“
🎸 „30 години Пука козметика“ во МКЦ
🎸 Бојана Скендеровски во Филхармонија
🍽 Slow Food Salon 2025: „Заедно со природата“ во хотел Континентал
🛍️ 🍽 „Храна – нашиот вкус, нашата традиција“: Саем на македонската традиционална храна во City Mall
🛍️ Предновогодишен базар на книги во Skopje City Mall
🛍️ DMWC новогодишен базар: Во ритамот на македонските традиционални занаети и креации во Јавна соба
🛍️ Предновогодишен базар во Ramstore Mall
♻️ Работна акција за уредување на просторот покрај МСУ во Музеј на современa уметност
14 декември (недела)
📽️ „К-15: Од другата страна“ во Македонски народен театар
🎻 “Контрабасов поенклас“: Концерт Ѓорѓи Цинчиевски и Анастасија Грковска во Музејот на македонската борба
✂️ Workshop маратон: ткај, шиј, вези, кукичај во Diamond Mall
❤️🩹 Шепаст Божиќен Маркет во Цреша Бар
❤️🩹 „Шепи холидејс“ - хуманитарен настан за собирање донации за над 50 бездомни кучиња во .„Комбо“
🛍️ Предновогодишен базар на книги во Skopje City Mall
🛍️ Меѓународен божиќен базар во Јавна соба
🛍️ Предновогодишен базар во Ramstore Mall
🛍️ DNEVNA 1st Birthday + Art bazar во Дневна
Настани за деца
📽️ Во Cineplexx секој ден има проекции на Smurfs, Lilo & Stitch, The Bad Guys 2 и Zootopia 2.
8 декември (понеделник)
📽️ Zootopia 2 во Киноверзум
9 декември (вторник)
📽️ Zootopia 2 во Киноверзум
11 декември (четврток)
🎭 „Том Соер“ во Театар за деца и младинци
📽️ „Биби и Боби во светот на бајките“ во Cineplexx
12 декември (петок)
🎭 „Роња, ќерката на ограбувачот“ во Театар за деца и младинци
📽️ „Биби и Боби во светот на бајките“ во Cineplexx
13 декември (сабота)
📽️ „Биби и Боби во светот на бајките“ во Cineplexx
🎭 „Пипи долгиот чорап“ во Театар за деца и младинци
🎭 Интерактивна претстава „Љубопитната принцеза“ во Јавна соба
🎭 Новогодишна претстава „Добриот и лошиот Дедо Мраз“ во Ramstore Mall
🎭 Новогодишна програма за деца во East Gate Mall
🎭 Новогодишна програма за деца во Diamond Mall
🎨 Изработка на лампиони во форма на Дедо Мраз во City Mall
🎨 Изработка на новогодишни честитки во City Mall
🎨 Работилница за младите електротехничари: Правење свое возило на далечинско во Skopje City Mall
14 декември (недела)
🎭 Веселата Елка во Cineplexx
🎭 Новогодишна претстава „Рудолф и елф“ во Јавна соба
🎭 Новогодишна програма за деца во East Gate Mall
🎭 Новогодишна програма за деца во Diamond Mall
🎻 Новогодишен детски концерт „Националниот џез оркестар во „Светот на Биби“ во Филхармонија (распродаден)
🎻 Втор новогодишен детски концерт „Националниот џез оркестар во „Светот на Биби“ во Филхармонија
🍪 Подготовка на празнични десерти – „Christmas Cookies“ во City Mall
Две проекции, од 18:00 и од 20:00 часот


