Добредојдовте во ова диетално издание на КП, инспирирано од моето патување во Софија да го видам Роби Вилијамс.

Бугарската уметничка национална гордост и Christo
Националната Галерија на Бугарија е најголемиот музејски комплекс во земјата, во чија сопственост е државната збирка на ликовна уметност.
Веднаш зад велелепниот храм Александар Невски се наоѓа Квадрат 500, главната зграда на Галеријата и нејзиниот најголем изложбен простор со над 80 соби и хали на 4 спрата.
Иван Мрквичка е еден од основоположниците на современото бугарско сликарство. Неговото творештво претежно се движи во жанрот на битови сцени — животот во селските средини, празници, народни обичаи и сл. Неговата најпозната слика е „Ръченица“ (1894) која го прикажува традиционалното бугарско оро со истото име.
„Враќање од пазар“ (“Завръщане от пазар„ околу 1890) на Јарослав Вешин е уште една од поважните дела во галеријата. Сликата веродостојно и живописно ја доловува суровоста на селскиот живот во зима.


Во светски рамки, Christo е најпознатиот бугарски уметник. Роден како Христо Владимиров Јавашев, во 1935 во Габрово, тој работел заедно со неговата партнерка Jeanne-Claudе. Нивните најпознати дела се монументалните инсталации, кои вклучувале обвиткување на државни институции, но и локалитети во ткаенина и други материјали, меѓу кои се и германскиот Рајхстаг како и неколку острови.
Во „Квадрат 500“ може да се видат негови ептен рани дела од деновите кога бил студент на Софиската Национална Академија за Уметност, масла во мали димензии од 1950тите и неколку скици за неговите обвиткани објекти.



Meme материјал и светска уметност
Во една од галериите беше поставена најзабавната од сите изложби - On Vacation… Corpus equorum од Лучезар Бојаџиев. Се работи за преку 400 дигитално манипулирани фотографии од споменици од херои на коњи, во кои човечките фигури се отстранети од сликите. Избришаните субјекти се најчесто мажи, прикажани како ги јаваат нивните коњи и во херојски пози.
Мојата селекција се скопските коњи и еден рандом неизбришан снагатор.





Галеријата поседува преку 50000 парчиња бугарска уметност, но и европска уметност (од 15 до 19 век), како и дела од Азија, Африка и Америка. Од индиски минијатури и јапонски гравури, преку африкански ритуални предмети, па сѐ до индонезиски накит и садови од маите, ова е најверојатно најблискиот музеј во кој што може да видите различни дела од цел свет толку блиску до дома.




Ресторани за сликање и кришка леб со лутеница како street food
Едно од нештата што се битни за секој град е да има ресторани што се храбри да експериментираат со менито, храната, состојките. Мade in Blue и неговата помала сестра Dark Sister (претходно позната како Made in Home) се интересни ресторани со свеж и инвентивен пристап кон менито и комбинирањето состојќи. На менијата во двата ресторани најзастапени се лесни оброци, квалитетни и свежи состојки, без многу месо и похованици/прженици. Мене ми е must-visit место на секое одење во Софија, а овој пат на масата до нас имаше екипа Македонци, што и да значи тоа во овој контекст.



Скоро исто толку интересен, добро осмислен и tasteful е ентериерот на рестораните. Не знам да пишувам за мебел и внатрешен дизајн, ама не ми беше срам да сликам.





Македонците, како за народ што се смета за изумителот на ајварот и вистинскиот, прав сопственик на неговата трговска марка, има крајно непретприемачки, да не речам несериозен пристап кон овој производ. Парче леб со ајвар и сирење е staple на секое детство, а апсолутно никој никогаш немал и нема никаква намера да го продава како улична храна.


Ако имате дома некој лев и ви треба причина да се прошетате до источниот сосед, да ве потсетам дека од 1 јануари 2026, Бугарија целосно го укинува левот како валута и преминува на користење само евра.
🗞️ (Хипер)локални вести
Само вести за ѓубре се битни вести во овој град :(
Општина Центар постави контејнери за кабаст отпад на повеќе локации. Види ги локациите овде.
Општина Аеродром од денес почнува со бесплатно собирање кабаст отпад што ќе трае до средината на ноември. Види ги локациите и термините овде.
🔗 Вреди да се кликне
Без лажни вести и без кликбејт
Македонскиот текстилен сектор во очај - машините стивнаа, кошулите останаа недошиени - Bloomberg Adria
Скопје се гуши во губре - какви решенија нудат кандидатите за градоначалници? - Deutsche Welle
Како државата ќе го решава недостигот на специјалисти? - Радио Слободна Европа
Државата мижи пред нечовечките услови во психијатриските болници - Радио Слободна Европа
Возачи ги игнорираат сообраќајните правила - ВидиВака
🗓️ Настани (29 септември - 5 октомври)
Листава е обновувана во текот на неделата
📽️ Во Cineplexx оваа недела на редовен репертоар се: Superman, The Naked Gun, The Freakier Friday, The Conjuring: Last Rites, A Big Bold Beautiful Journey, Him, Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Infinity Castle, One Battle After Another, и Kontinental ‘25. Од оваа недела на репертоарот ќе бидат додадени и македонскиот Диџеј Ахмет што освои неколку награди на Sundance, Avatar: The Way of Water и неколку музички филмови за k-pop бендот BTS.
29 септември (понеделник)
📽️ The Third Man во Кинотека
📽️ Филмски фестивал „Киненова“ во Киноверзум
📽️ Фестивал на филм и музика „Ѕирни“ во Котур и на Платото пред Домот на АРМ
🎭 „Бели ноќи“ во МНТ
🎻 Отворање на „Денови на македонска музика“ во Филхармонија
🎻 „Џез за чудаци 6“ во Буква
📚 Фестивал на европска литература „BookStar“ 2025 на повеќе локации
30 септември (вторник)
📽️ The Lady from Shanghai во Кинотека
📽️ Филмски фестивал „Киненова“ во Киноверзум
📽️ Фестивал на филм и музика „Ѕирни“ во Котур и на Платото пред Домот на АРМ
🎭 „Фамилијата Адамс“ во Драмски
🎭 „Замисли нов свет“ во МНТ
🎻 „Денови на македонска музика“: Концерт на дувачкиот квинтет Phil-Harmonic во Музеј на македонската борба
🖼️ “Сакате ли војна?” – изложба на Ертунч Сали во КСП Центар Јадро
🖼️ ,,Голем формат” - групна изложба во Музејот на Град Скопје (отворена до 8 октомври)
📚 Фестивал на европска литература „BookStar“ 2025 на повеќе локации
📚 Промоција на книгата афоризми „Афористичка татковина“ на Ирена Павлова де Одорико во Друштвото на писателите на Македонија
📚 Промоцијата на книгата „Драмолетање” на Факултетот за драмски уметности
📚 Книжевна вечер со Иван Џепароски во Буква
🎤 „Дупка во главата или: може ли нешто да се научи од војната?“ предавање на Борис Буден во Чифте Амам
1 октомври (среда)
📽️ Филмски архив чешки новости во Кинотека
📽️ Филмски фестивал „Киненова“ во Киноверзум
📽️ Фестивал на филм и музика „Ѕирни“ во Котур и на Платото пред Домот на АРМ
🎭 „Чудна случка со кучето во ноќта“ во Драмски
🎭 „Не се клади на Енглези“ во МНТ
🎻 Концерт на Националниот Џез Оркестар и Kurt Rosenwinkel во Национална опера и балет
📚 Фестивал на европска литература „BookStar“ 2025 на повеќе локации
📚 Промоција на книгата „Образ во огледало“ од Никола Дукоски- Дуко во Буква
📚 „Цртајќи книжевност – Визуелно патување низ шпанскиот збор“ во галерија Руди
🎸 Нокаут во Intermezzo Music Bar
🎸 Концерт на Empty Story во Ла Кања
2 октомври (четврток)
📽️ „Македонска крвава свадба“ во Кинотека
📽️ Филмски фестивал „Киненова“ во Киноверзум
📽️ Фестивал на филм и музика „Ѕирни“ во Котур и на Платото пред Домот на АРМ
🎻 „Класика РеСтарт“ - свечено отворање на новата концертна сезона во Филхармонија
🎭 „Кафез кај кокони“ во Драмски
🖼️ „Инхерентно инертни“ – мултимедијална изложба на Христина Крстеска во КИЦ
🖼️ „Скриеното трето“ – групна изложба во Мала станица
🖼️ „Културен амалгам 2025“ – Завршна средба во КИЦ
🖼️ „Откривање и ритам“ изложба на Мартин Џепароски во МКЦ
🖼️ „Орапизам - уметноста на инацијата“ - самостојна изложба на Кристофер Канопка во Галерија Остен (до 22 октомври)
📚 Фестивал на европска литература „BookStar“ 2025 на повеќе локации
📚 Промоција на стихозбирката „Ноќен суфлер“ од Светла Јакшиќ во Буква
✂️ Работилница за пренамена на текстил во „Ништо ново“
🎤 AKTO фестивал за современи уметности во Кино на железничка зграда
3 октомври (петок)
📽️ In Memoriam Robert Redford: Legal Eagles во Кинотека
📽️ Фестивал на филм и музика „Ѕирни“ во Котур и на Платото пред Домот на АРМ
📽️ Taylor Swift: The Official Release Party of a Showgirl во Cineplexx
🎭 „Ифигенија за ништо“ во Драмски
🎭 „Мој термин“ во МНТ
🎶 „Реквием“ во Национална опера и балет
🖼️ Пре-отворање на БИМАС: Изложба на KONNTRA во Сули-Ан
🎤 AKTO фестивал за современи уметности во Кино на железничка зграда
4 октомври (сабота)
📽️🎭🖼️ Бела Ноќ на повеќе локации
📽️ In Memoriam Robert Redford: The Way We Were во Кинотека
📽️ Филмски фестивал „Киненова“ во Киноверзум
📽️ Фестивал на филм и музика „Ѕирни“ во Котур и на Платото пред Домот на АРМ
📽️ Taylor Swift: The Official Release Party of a Showgirl во Cineplexx
🎭 „Падот на Масада“ во Драмски
🎭 „Кец на десетка“ во МНТ
🎭 Онли фенс во The Dude specialty coffee
📚 Промоција на книга-сликовница „Градина полна латици“ од Иван Антоновски во Цреша бар
🎸 Концерт на N-Deck Collective во Ла Кања
🎸 13 години Skopje City Mall во Skopje City Mall
🎤 AKTO фестивал за современи уметности во Кино на железничка зграда
🪧 Стоп на геноциодот: Протестен марш во солидарност со палестинскиот народ од пред споменикот „Симфонија на мирот“
🍴Розов Пикник Појaдок на Школка во Градски парк
🍴Здрави Корeња, Полни Трпези: Фестивал на биодиверзитет во Public Room
🛍️ Handicraft pop-up sale во Public Room
5 октомври (недела)
📽️ Филмски фестивал „Киненова“ во Киноверзум
📽️ Фестивал на филм и музика „Ѕирни“ во Котур и на Платото пред Домот на АРМ
📽️ Taylor Swift: The Official Release Party of a Showgirl во Cineplexx
🎤 AKTO фестивал за современи уметности во Кино на железничка зграда
🏃 Wizz Air Скопски маратон на повеќе локации
Настани за деца
📽️ Во Cineplexx секој ден има проекции на Smurfs, Lilo & Stitch, The Bad Guys 2 и Ozi: Voice of the Forest.
30 септември (вторник)
📚 Весело и научно – детски книжевен клуб со Ана Голејшка Џикова во Dianond Mall
🎭 Лефти и Рајти го спасуваат џемперчето Воли во Јавна соба
2 октомври (четврток)
🎭 Премиера на „Челинџ“ во Театарот за деца и младинци
3 октомври (петок)
🎭 „Хајди“ во Театарот за деца и младинци
4 октомври (сабота)
🎭 „Грдото пајче“ во Театарот за деца и младинци
🛍️ Tоy Bazar во „Дневна“
🎭🎸✂️ Kid Expo во СЦ Борис Трајковски
5 октомври (недела)
🎸 13 години Skopje City Mall - Детска програма во Skopje City Mall
🎭🎸✂️ Kid Expo во СЦ Борис Трајковски


Веројатно единствениот newsletter што навистина го читам