Од утре е јули и ако имате среќа да одбројувате до летен одмор покрај вода или барем на посвежо место, вие сте среќна коцкa.1 Сите ние што сме врзани за Скопје овој месец, за разонода може да излеземе само откако/ако температурите паднат малку навечер.
Филмскиот фестивал Синедејс е презакажан за во декември, сите ноќни клубови се затворени, аквапаркот секако не работи.
Еве што има во град, кога станува збор за повеќедневни настани2:
Скопје
Скопско Лето е најголемиот фестивал на кој скоро секој ден се одржува по некој настан. Започна минатата недела и ќе трае до 31 јули, а настаните ќе се одржуваат на повеќе локации. Очекувајте музички концерти, театарски и танцови претстави, промоции на книги и сл.
Синеплекс покрај нивната редовна програма, од 2 јули започнуваат и со Open Air Cinema на последниот спрат од катната гаража на City Mall. Секоја среда, петок и сабота ќе може да гледате поранешни блокбастер-хитови и домашни филмски класици.
Од 11 до 13 јули во КПСЦ Јадро ќе се одржи и првиот дел на книжевниот фестивал Друга приказна.
Културниот информативен центар (КИЦ) од Скопје го организира патувачкиот фестивал Културен амалгам. Јулските настани се на 15 во КИЦ и на 26 во Крива Паланка.
Во Brooklynski во Дебар Маало, од 16 до 19 јули се одржува Jazz Amber Fest. Секој ден после 9 вечер ќе има настапи на домашни џез музичари.
Од 3 до 8 јули годинава ќе се одржи меѓународниот фолклорен фестивал „Гази Баба 2025“.
Ако сте повеќе по гледање младински спорт Европскиот младински олимписки фестивал ќе се одржи од 20 до 26 јули.
Една од подобрите работи што може да ги направите кога веќе сте во Скопје овој јули е барем за викенд да излезете од него. Ова е листа на настани што може да ве инспирираат да се свртите кон внатрешен викенд туризам.
Охрид
Охридската Културолошка иницијатива 5 до 12 го организира нивиот седумдневен фестивал The Cultural Seven 2025 од 5 до 12 јули. Во рамките на тоа што тие го нарекуваат културно-забавен маратон се одржува Free Spirit Days - фестивал со музички настапи и скејт натпревар (5 и 6 јули) и летно кино со автомобили (7 - 9 јули) и уште неколку други настани.
Охридско лето се отвара на 12 јули и на него се до 20 август ќе може да проследите концерти и театарски претстави на 5 сцени.
Филмскиот фестивал Ohrid Beach Film Festival ќе се одржува од 23 до 27 јули на 4 локации.
Покрај настаните од Охридско лето, во јули има уште неколку настани што ќе се случуваат во охридскиот антички театар, меѓу кои се и концерти на Игор Џамбазов, Јелена Розга и Силви Бенд со симфониски оркестар.
Во клуб Егоист настапуваат повеќе имиња од Балканот, од кои најпознати ми изгледаат Аца Лукас, Сека Алексиќ и Реља & Николија.
Д-фест ситуацијата
Oвој викенд во Штип ќе се одржи Д Фестивал (ака Д Фест, THE Fest итн) фестивалот што се иссели од Дојран и се најде на привремен престој во Штип. Од 4 до 6 јули, на Штипскиот стадион може да ги гледате Soulfly, Sisters of Mercy, Buč Kesidi, македонските Архангел, Фолтин и Мизар и уште многу други артисти на 2 сцени.
Дојран be like ние ќе си направиме подобар фестивал. Закажан за 25 до 27 јули, Д-фест Дојран досега има најавено настапи на Senidah, Mimi Mercedez, Funk Shui, Суперхикс и Ареа. Главната разлика меѓу двата е дека тој во Дојран ќе го задржи форматот на повеќедневен летен фестивал со кампување и придружни настани, а концептот на тој во Штип е 3 вечери по ред на концерти на стадион.
Битола
Во Битола веќе е во тек Битолското културно лето – „Бит фест“ што ќе трае до крајот на август. На програмата има концерти, промоции на книги, проекции на филмови и уште многу, стварно многу други културни настани вклучително и фестивал на електронска музика од 11 до 13 јули и етно фјужн фестивалот Локум фест од 16 до 19 јули.
Фестивалот „Илинденски денови“ годинава се одржува од 18 до 31 јули со повеќе од 70 фестивалски настани, со повеќе од 1.300 учесници, 30 ансамбли од Македонија, како и гости од Швајцарија, Индонезија, Мексико, Грузија, Полска и Хрватска. Програмата вклучува промоции, изложби, семинари, каравани, улични настапи и концерти.
Надвор од овие два фестивали во Битола може да посетите и други, помалку „културни“ настани што ќе се одржуваат на ракометното игралиште (Voyage, Теа Таировиќ, Бајага, Галија).
Преспа
Од 4 до 6 јули, ќе се случува “Мото Фест Преспа ‘25”
Од 11 до 13 јули може да одите на Meet Prespa 2025. Промоции на книги, настапи на диџеи и фестивал на улична храна се дел од активностите.
Кочани
Од 11 до 13 јули, во склоп на Петровденската програма општината организира музички настапи (Суперхикс, Владо Јаневски, Ареа), саем на винил плочи, работилници, јавни дискусии и меѓународен фестивал на влашки песни. Update: Настанот е откажан.
Од 15 до 20 јули ќе може да погледнете проекции на уметнички документарци во рамките на Патувачкото кино на Македокс.
Виница
Кочани го има Петровден, а Виница Павловден. Павловденската програма вклучува промоција на книга, фестивал на староградски песни, изложба и друго. Ќе трае од 11 до 13 јули.
24 и 25 јули е фестивалот на елекртонска музика Paradise Music Festival со на кој ќе настапат диџеи од земјава и странство.
Други градови, села и планини
Манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025 година“ започна во април и ќе трае во текот на целата година. На програмата во јули може да видите изложби, концерти, работилници и неколку настани за деца.
Во Кавадарци, од 3 до 6 јули се одржува меѓународниот Фолклорен фестивал „Кавадаречки фолклорни средби 2025“.
Еј псст, дали сте заинтересирани за македонската Гуча? Пехчево ќе биде домаќин на Фестивал на дувачки оркестри. Настанот ќе трае од 11 до 13 јули и плус ќе има детски фестивал, етно саем и настапи на фолклорни друштва.
Од 11 до 13 јули се „Златни денови“ во Кратово. На плоштадот Павел Шатев ќе пеат Наташа Беквалац, Флукс, Тајзи и други, а водителка ќе биде Лила Филиповска.
На 11 јули, во Велес започнува „Велешко лето“. Општината ветува настани од областа на музиката, литературата, ликовната, филмската и друг вид на уметности што ќе се одржат на различни локации низ градот.
Викендот од 11 до 13 јули дефинитивно е најисполнет со секакви настани. Со програма што почнува од петок на пладне со изведба на монодрама, Галичката свадба е традиционален настан што треба барем еднаш да се види.
Од 16 јули до 3 август ќе се одржува „Тетово прославува! Тетовско културно лето 2025“. Општината ветува „песни, ора, литературни вечери, спорт, изложби, презентации на олдтајмери и луксузни автомобили, филмски вечери и многу повеќе!“
„Демир Хисар низ боите и звуците на уметноста“ оваа година нуди театар, ликовна уметност, музика, поезија и креативни работилници. Настани што се одржуваат помеѓу 18 јули и 16 август, според организаторите „се наменети за пошироката јавност, но манифестацијата посветува и особено внимание на маргиналните групи, вклучувајќи ги и штитениците од Психијатриската болница во Демир Хисар.“
Прилепскиот Пиво Фестивал ќе се одржи викендот од 18 до 20 јули. Меѓу попрепознатливите имиња што ќе настапуваат се: Антонија Гиговска, Тајзи и Харис Џиновиќ.
Од 20 до 28 јули, по 14 пат во Трпејца ќе се одржи културно – забавната манифестација „На зајдисонце во Трпејца“, организиран од здружението „За Трпејца со љубов“. Во склоп на настанот покрај стандардните промоции на книги и проекции на филмови, има и трка со куфери по скалинадата и кајакарска регата.
Последниот викенд од јули (26-27 јули), еко-организациите Зелена Народна Стража и Спас за Дошница ве канат на „Викенд Блокада на Кожуф“. Овој протест е дел од повеќенеделната „окупација“ на Дошница за да се спречи градбата на мала хидроцентрала на реката. Грета Тунберг ќе се придружи исто така.
Boiling Point e еднодневен hardcore / DIY музички фестивал што ќе се одржи на 28 јули на Меморијален Центар АСНОМ. (Update од 24 јули: настанот е откажан.)
Други држави
Aко сакате задгранична забава со македонски музичари, изложби и претстави, во Пустец од 1 до 5 јули по 20 пат се одржува фестивалот Македонско културно лето.
🗞️ (Хипер)локални вести
Камбекот на “Купувајте производи со сонценце“
Овошјето и зеленчукот во маркетите ќе бидат обележани како македонски или увезени. Оваа мерка е дел од кампањата што ја подготвува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанствo за купување домашни производи. (пари)
Владата планира да прави апликација “којашто преку алгоритам ќе ги споредува цените и на граѓаните ќе им покажува кој продукт е најевтин во нивна близина.“ Со оглед на тоа што веќе постојат најмалку две вакви слични софтверски решенија, личи како Владата да планира да прави само тендери. (Deutsche Welle)
Град Скопје ќе субвенционира дел од трошоците на граѓаните за чистење на оџаците. Градот ќе помогне најмногу до 1.500 денари по домаќинство по принципот „прв дојден прв услужен“. (град скопје)
Њујорк можеби ќе има социјалист градоначалник што ветува дека ќе ги оданочи богатите, Венеција го има Безос и неговата свадба овој викенд, а ваквите вести се единствените работи што сакам да ги знам за богатите македонци:
Плочките од социјализмот > плочките од лани
🏖️ Летна шема
Во Грција почнаа пожарите. Хиос и Крит се најзагрозени моментално. А пазете и на медузи.
Од 5 јули се очекува да почне да функционира системот со едно застанување на границата со Србија, а наредно ќе се воведе спрема Албанија. Ваквиот систем веќе се користи на границата со Косово. (360 степени)
Добро е да се знае што (не) смее да се пренесува преку граница во Грција, а што во Црна Гора.
EУ планира да воведе регулатива со која на авио-компаниите ќе им наложи да не наплаќаат рачен багаж. Со други зборови, патниците да носат лична торба и парче рачен багаж до седум килограми во кабината без дополнителни трошоци.
Од друга страна, кога станува збор за Македонија како туристичка дестинација, на Германците им е скапо на Балканот. Или, попрецизно, не е дека им е скапо, туку дека нe вреди за таа цена. (пари)
🍴Јадење надвор
Од сега нема да мора да одите до Хром за крофните од Хром. Култната шеќерно-зејтинска калориска бомба ќе може се конзумира и дење и во Центар. Отворија нова продавница спроти Универзална.
После анализата на феноменот Седмица, Пари го анализира нефеноменот Енрико. Нивниот EBITDA за 2024 во однос на 2023 е пораснат за 15%, (од 114.700 евра во 2023 на 132.000 евра во 2024).
Културно-туристичкиот комплекс „Македонско село“ повторно е отворен.
Исто така отворена е и Русти кидс новата игротека што како феникс се издигна од пепелта на запалените бараки на Заводот за урбанизам и архитектура. Русти кидс е фирма-ќерка на Рустикана.
После првичната заинтересираност за (попустите на) Wolt, на скопските улици Wolt разнесувачите полека се заменуваат со стартите добри Korpa разнесувачи. Wolt затоа има некои нови попусти и понуди од кои најзабележителна ми беше таа на Mamma Italiana. Изгледа воведуваат нови пици што моментално се на попуст ако ги нарачаш преку Wolt, а кога ќе заврши промоцијата ќе имаат редовни цени од типот 500 денари за пица само од пелати и тревки, во која има протеин само од тестото и 830 денари за пица од 30 см што треба да се симнеш пред зграда да ја земеш.



🔗 Вреди да се кликне
Без лажни вести и без кликбејт
На манипулациите со информации во предизборие им се брзи нозете - Само прашај
Планско или предизборно „вооружување“ со нововработени во институциите - Радио Слободна Европа
Три стартапи, три патеки: Во Македонија, основачите учат на потешкиот начин - IT.mk
Марихуана за стрес, кокаин за забава се користи во Македонија - ВидиВака
🔗 Вреди да се кликне: Храна
Нема земја во регионот каде што цените на храната скокнале толку за еден месец како кај нас - Пари
Ни казни за маркетите, ни отштета за граѓаните за високите цени - Радио Слободна Европа
Македонија со години губи земја – не од суша, туку од злоупотреби - Дома
Високи температури - голем ризик за труење со храна - Deutsche Welle
🗓️ Настани (29 јуни - 6 јули)
Листава е обновувана во текот на неделата
📽️ Во Cineplexx оваа недела може да ги гледате: Mission: Impossible – The Final Reckoning, M3GAN 2.0, F1 и Ballerina. Jurassic World: Rebirth ќе биде на репертоарот од 3 јули.
30 јуни (понеделник)
📽️ Недела на франкофонски филм: „Ру“ во Кинотека
📽️ F1 во Киноверзум
📽️ M3GAN 2.0 во Киноверзум
🎻 Јордан Костов Маглота Секстет + Хор „Св. Злата Мегленска во Филхармонија
🎻 Скопско лето: Џез концерт на Ѓорги Шаревски Трио со Акира Накамура и Оливер Јосифовски во Сули ан
🎻 Национален Џез Оркестар & Воениот оркестар на Армијата на САД за Европа и Африка во парк „Ибни Пајко“
📚 Промоција на книгата „Журнал на бучава“ во Ла Кања
1 јули (вторник)
📽️ „Дивиот дијамант“ во Кинотека
📽️ F1 во Киноверзум
📽️ M3GAN 2.0 во Киноверзум
🖼️ Изложба „Резови“ на Стефан Анчевски и Марјан Стојаноски во КИЦ
🖼️ „Скопје: Сензорен град“ – Мултисензорна изложба на повеќе локации
📚 Промоција на српското издание на „Утеха на голите“ од Давор Стојановски во Буква
🎸 Промоција на албумот „Јоруклук“ на Елена Баклава во Бифе Тафталиџе
2 јули (среда)
📽️ Седум кусометражни играни филмови по сценарија на македонски писатели во Кинотека
📽️ M3GAN 2.0 во Киноверзум
📽️ Interstellar во Синеплекс
📽️ Проекција на експерименталниот видео театарски проект KRIEG/A-C-I-N-S-E-L-A-K во КИЦ
🎸 Хуманитарен концерт за Ардита Јонуз во МКЦ
🎻 Скопско лето: Концерт на соло песни од шпански и француски композитори со Александра Коцевска и Глигор Гелебешев во Музеј на македонската борба
🪛 Работилница за Сашико техника на везење во Ништо ново
3 јули (четврток)
📽️ 75 години ДФРМ: „ДАЕ“ и „Тетовирање“ во Кинотека
📽️ Jurassic World Rebirth во Киноверзум
🎻 Скопско Лето: Концертна промоција на ФИН Проект и Тања Царовска на албумот "Егрегор" во Сули ан
🖼️ Изложба „Трагедија на еднаквоста IV (T.O.E. IV) – Борење со рака“ на Ариел Хасан во Музеј на современа уметност
📚 Промоција на „Ќумур смоквин млеч“ од Стефан Спасовски во Буква
4 јули (петок)
📽️ 75 години ДФРМ: „Денес треба нешто да се случи“ и „Црно семе“ во Кинотека
📽️ Barbie во Синеплекс
📽️ Jurassic World Rebirth во Киноверзум
📽️ F1 во Киноверзум
🎸 Томевски // Спировски // Букршлиев // Теодосиев во Паб 'Ѕе'
🎻 Скопско лето: Оперска приказна од најубавите дела на Верди и Пучини со Марија Наумовска и Андреја Наунов во Музеј на македонската борба
📚 Татковина to go – промоција на роман од Роберт Меѓуречан во МКЦ
5 јули (сабота)
📽️ „Животно“ во Кинотека
📽️ Top Gun: Maverick во Синеплекс
📽️ Jurassic World Rebirth во Киноверзум
📽️ Филмтастична недела во Синеплекс
🎻 Од МОБ за Скопје! – бесплатен концерт по повод 200 години од Штраус на Плоштад „Мајка Тереза“
🛍️ Саем на традиционална македонска храна во Еast Gate
6 јули (недела)
📽️ Филмтастична недела во Синеплекс
🎻 Скопско лето: Baroque Recomposed со Емилио Перцан и оркестарот на институтот „Фејмс“ во Сули ан
🤲 Toys Bazaar: Подари нов живот на старите играчки во Дневна
🛍️ Саем на традиционална македонска храна во Еast Gate
Настани за деца
📽️ Во Cineplexx секој ден има проекции на How to Train Your Dragon, Lilo & Stitch и Elio.
30 јуни (понеделник)
📽️ Lilo & Stitch во Киноверзум
1 јули (вторник)
📽️ Lilo & Stitch во Киноверзум
2 јули (среда)
📽️ Lilo & Stitch во Киноверзум
📚 Детски книжевен клуб #13 во Europe House
3 јули (четврток)
📽️ Lilo & Stitch во Киноверзум
Кој ја разбира оваа референца, време за ретинол или средовечна криза.
Патем, листава ќе биде редовно ажурирана со нови настани, вреди да проверите пак.






приметив дека „Високи температури - голем ризик за труење со храна - Deutsche Welle“ линкот не работи 🫣