Пред некое време на една од моите чести шетања долж улицата „Франклин Рузвелт“ (како што ѝ е крстеното име) сфатив колку многу градилишта никнаа оваа година и колку наскоро улицава нема воопшто да изгледа како што изгледаше пред неколку месеци.
Идејата е да ја запишам Рузвелтова каква што е баш сега.1
Од Тоше Проески до Здравко Цветковски
Tуристичката прошетка на овој staycation ja почнувам со сендвич во легендарниот „Челик“ (види детали подолу) додека од спротива ги гледам ниските згради. Едната од нив е „Рузвелтова 3“, опеана во песната „Уште една скала“ од Тоше Проевски. На интернет нема нешто многу детали за неа освен дека текстот е на Владимир Крстевски-Франц, и еден текст од Весна Петрушевска во кој тврди дека таа требало да живее таму.
„Челик“ е дел од првиот од неколкуте блокови долж оваа улица со пријатни тротоари и пешачки патеки, а веднаш до нив и тревници и високи, стари дрвја, сите само пред зградите изградени во бивша Југославија. Првиот блок е токму овој што почнува со раскрсницата кај „Народен фронт“ / Капиштец, и завршува со најсончевиот деловен простор, идеален за цвеќарата „Флораком“ што до лани беше тука.
Вториот блок на вакви, опкружени со зеленило, станбени згради се тие на другиот крај на улицата, тоа се скоро сите згради од лево на потегот од „Руѓер Бошковиќ“ до „Орце Николов“ и од десно на потегот меѓу „Орце Николов“ до „Илинденска”.



Освен станбени, од „добрите“ згради, тука ќе го видите и ученичкиот дом „Здравко Цветковски“, иако тој технички се наоѓа на Дрезденска.2 Зградата изгледа кул скоро од секој агол, а неговиот огромен, зелен двор излегува на три улици. Не можев да најдам никакви информации за оваа убавица освен дека најверојатно е изградена во 1971 и проектирана од Симеон Симоски.3 Сѐ изградено после тоа не вреди да се спомне. Исто како што не вреди да се спомнат бизнисите што се доселија и ги направија тротоарите - паркинзи.
Дури и ако го тргнеме настрана еден од поновите симболи на градежната и урбанистичка мафија што е поранешна Треска и сѐ околу неа, на „Рузвелтова“ моментално има уште 3-4 други згради што никнуваат на места каде што претходно имало куќи или барем требало да има куќи, што е премногу за толку кратка улица.




Од Евангелскaта црква до Природонаучнниот музеј
Некои од моите омилени детали се некои огради на куќи. Никој не мисли на Рузвелтова како за улица со црква, но баш тука (спрема кафичот Concept 37) се наоѓа Евангелската црква за која не знам ништо освен дека го има најкул логото на цела улица и едно од најкул логоата направени со кирилични букви.
Тобакото Коки и Агровита се местата што работат до касно и ја држат улицата жива и тогаш кога сите други веќе завршиле со нивното работно време.
Пред последниот блок згради, скроз пред Зоолошка, на едната и другата страна од влезот на зградата има три калинки. Се надевам дека станарите ги берат.




Улицата е кратка, според Google Maps, само 1.5 km, и може да се изоди за помалку од 30 мин од едниот до другиот крај. Од моите алоцирани два саати остануваат уште повеќе од половина, па како и многу класични излегувања во Скопје може да заврши со седнување во кафич.
Природонаучниот музеј е единствената јавна институција и потенцијална туристичка дестинација, ама ја оставам за некоја наредна фоторепортажа затоа што за таму ќе ми требаат повеќе од два часа.
Ја завршувам прошеткава со кафе во „Жапон“, кафичот со дрвја пред него и дебела сенка. Заклучувам дека е сосема соодветно прошетката што почна со „Челик“ да заврши со „Жапон“ - двата најверојатно најлегендарни угостителски објекти на улицата, и двата од 1984 година. Да се надеваме дека само добрите бизниси ќе опстојат и ќе победат.



🗞️ (Хипер)локални вести
Новости кои може да ви направат разлика
Претходната недела стапи на сила целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште низ државата која ќе трае до 31 август. Во овој период, во шумите ќе може да се влегува само со претходно издадено писмено одобрение од ЈП „Национални шуми“ или од надлежниот национален парк. Водно е исклучок. За прекршување на забраната се предвидени казни од 1.500 до 2.000 евра.
Клиниката за инфективни болести извести за потврдени два случаи на Западнонилска треска. Најголем дел од инфицираните немаат симптоми или имаат лесна клиничка слика, но помал број пациенти, особено повозрасни лица и лица со ослабен имунитет, може да развијат потешки невролошки компликации. Од Клиниката апелираат граѓаните да се заштитуваат од убоди од комарци со користење репеленти, носење облека со долги ракави, поставување мрежи на прозорците и отстранување застојана вода.
Клиентите на ПроКредит Банка веќе можат да ги додадат своите платежни картички во Apple Pay и да плаќаат бесконтактно со сите Apple уреди.
Општина Карпош организира отворен ден на 9 јули (четврток), од 14:00 до 17:00 часот, во холот на општинската зграда. Жителите ќе можат да разговараат со тазе оздравениот градоначалник Сотир Лукровски и раководителите на секторите, да постават прашања, да дадат предлози и да разговараат за актуелни теми поврзани со општината.
По големата поплава што ја погоди издавачката куќа „Антолог“ и уништи значителен дел од нивниот магацин со книги, повеќе културни организации и книжарници повикуваат на солидарност. Moже да им помогнете со купување книги, директни донации или волонтирање при расчистувањето на просторот. Кафе-книжарницата „Илика“ соопшти дека се откажува од својот рабат за продажбата на изданијата на „Антолог“, со што целокупниот приход од тие книги ќе оди кај издавачот.
Биолошкиот факултет и Истражувачкото друштво на студенти биолози го распишаа јубилејниот 15. биофото-конкурс на тема „Интеракции меѓу организмите“. Целта е преку фотографија да се прикажат различните односи меѓу живите организми како еден од клучните процеси за функционирањето на екосистемите. Пријавувањето е отворено до 31 август 2026 година.
Ирскиот стенд-ап комичар Dylan Moran ќе настапи во Скопје на 9 март во Македонската филхармонија со новото шоу „Looking For Trouble“. Настапот е дел од регионалната турнеја што ги опфаќа Белград, Скопје, Сараево и Љубљана.
🛍️ Пазарување
КАМ маркетите воведоа ново летно работно време. Проверете го работното време на вашиот најблизок КАМ на овој линк.
Во три скопски КАМ маркети започна воведувањето на каси за самонаплата. Новиот начин на плаќање е достапен во КАМ Центар во K Business and Retail Center (попозната како трговскиот меѓу Forza Fusion и Diamond Mall), КАМ Ѓорче Петров (во K МALL) и КАМ Кисела Вода (во K Retаil).
🥪 Сендвич на неделата
„Челик“ (Франклин Рузвелт, 2) е нашата фамилијарна и матична маалска кафана. Кога немаме идеја што да јадеме, не ни се готви, а не ни се ни излегува прописно, тука во близина е „Челик“ и за мене нивната храна е најблиску што може една македонска кафана да биде до comfort food. Во зима за носење или за набрзинско јадење на една од двете маси внатре, а во пролет и лето на некоја од легендарните црвени, огромни маси надвор, под големите дрвја во најубавото делче од Капиштец. Во секое годишно време со муабет и шали со чичко Добре.
Основано во 1984, местото и денес нема некоја голема филозофија, есперименти или претенциозност на менито. Само предобри сендвичи и салати со најдобрите и најсвежи состојки, комбинирани да ве воодушеват уште од првото седнување. Конзистентноста и квалитетот низ годините го одржале местото, а непретенциозноста и искрениот пристап му даваат таков „ако знаеш- знаеш“ шарм што сѐ уште може да ми се случи да треба некого овде да однесам прв пат и да го гледам како задоволно јаде.
Мојата вообичаена нарачка тука е Македонски сендвич, кој што на новото мени има уште две верзии (со друго сувомеснато и без месо). Француско лепче, намачкано со нивното уникатно малиџано, со овчо сирење, предобри пржени тиквици, патлиџан, краставица и свинска пршута - 450 грама фантазија од сендвич. Со храната ви следува ладна чешмовача што само по себе е доволно за една кафана засекогаш да го добие моето најдлабоко почитување и вечна наклонетост.




🔗 Вреди да се кликне
Без лажни вести и без кликбејт
Компаративни визури – Експресионистичките афинитети на Македонската опера и балет - MAРХ
Повеќе од 40.000 посетители во три дена уживаа на „Д Фестивал“ во Штип - Умно
Од црна пченка до розов грав: мисијата за спас на локалните сорти - Призма
🗓️ Настани (8 - 21 јули)
Листава е обновувана во текот на oваа и наредната недела, проверете пак
📽️ Во Cineplexx моментално на редовен репертоар се: Supergirl, The Devil wears Prada 2, Scary Movie 6, Disclosure Day и Obsession. Од 9 јуни на репертоатор ќе биде и Evil Dead Burn, а од 16 и The Odyssey.
📽️ Во кината на Киноверзум во Драчево и Кисела Вода се прикажуваат Supergirl и Obsession.
8 јули (среда)
📽️ Rooftop Open Air Cinema: „Тhe Davinci Code" во Skopje City Mall
🎭🎸 Скопско лето: Мултимедијален перформанс „Тело од оган“ со Игор Јосифов и DJ Џејмс Худини во Сули Ан
9 јули (четврток)
📽️ Скопско лето: Филмови на Стефан Сидовски во Кинотека
🎻 Скопско лето: Џез концерт и промоција на нов албум на Next to Silence во Сули Ан
🖼️ „Фрагменти од нас“ – изложба на лумен принтови на Кети Талевска-Бакревска во Јадро
🖼️ „Огледало на срцето, одек на чувствата“ – мултимедијален проект на Марија Чепишева во Галерија Остен (до 31 јули)
📚 Промоција на фанзинот „Наши“ на Кеј Зеќировиќ во Лабораториум
10 јули (петок)
📽️ Скопско лето: „Најдолгиот пат“ во Кинотека
📽️ Rooftop Open Air Cinema: „Eat, Pray, Love” во Skopje City Mall
🩰 „Една ноќ под ѕвездите“ – заеднички концерт на Танец и Ладо во Национална опера и балет
🖼️ Скопско лето: „Меѓународна изложба на современа фотографија“ во Културно-информативен центар
🎸 Skopje Music Friday: Teodora Džehverović и 2Soma во рамки на на Стадион на АРМ
🎸 Poetronika’s album release concert INTERIOR во Зеленика
11 јули (сабота)
📽️ Скопско лето: „Барајќи си ја среќата“ и „Hi-Fi“ во Кинотека
📽️ Rooftop Open Air Cinema: Baby Driver во Skopje City Mall
🎭🎸📚 Скопско лето: Мултимедијален музичко-поетски перформанс „Културна кауза“ на Никола Стојковски во Музеј на град Скопје
🎸 Промоција на албумот „ИПТК: Нов Лист“ од Андреј Јовановиќ – Дре во Паб „Ѕе“
12 јули (недела)
🎻 Скопско лето: Камерен концерт „Неочекувани поврзувања: класичната музика и светот на тангото“ на ФЕЈМС Институт во Музеј на македонската борба за самостојност
13 јули (понеделник)
📽️ Македонски филм. На големо платно: „Лазар“ во Cineplexx
🖼️ Скопско лето: Изложба „Траги во графиката“ на Виктор Семенпеев во Мала станица
14 јули (вторник)
📽️ Скопско лето: „Бикини Мун“ во Кинотека
📽️🎻🖼️ Скопско лето: „Трага во времето“ – краток документарен филм, изложба и концертен настап по повод 10 години Национален џез-оркестар во Музеј на град Скопје
🎸 Џез за чудаци во паб „Sе“
📚 Читачка средба за „Погубни идентитети“ од Амин Малуф во Јадро
15 јули (среда)
📽️ Скопско лето: „Кајмак“ во Кинотека
📽️ Rooftop Open Air Cinema: The Hunger Games во Skopje City Mall
🎭 Скопско лето: „Сина сенка“ во Лабораториум
🎸📚 Скопско лето: Поетско-музички проект „Поетроника“ со Андреја Салпе и Оливер Митковски во Сули ан
📚 Книжевен кружок за „Избришаното задоволство“ од Катрин Малабу во Илика
📚 Промоција на „Autocratization in Post-Communist Democracies: The Architecture of Strategic Authoritarian Rule in Hungary and North Macedonia“ од Огнен Венгелов во Јадро
16 јули (четврток)
📽️ Скопско лето: „Ова не е американски филм“ во Кинотека
📽️ Премиера на „Одисеја“ во Cineplexx
🎻 Скопско лето: Пијано рецитал „Контрасти и страсти“ на Давид Павиќ во КИЦ
🖼️ Изградена средина: Алтернативен водич за Јапонија во Музејот на современата уметност (до 16 септември)
🖼️ Изложба „Café Transversal VIII“ на Хавиер Каро Тембури во Амбасадата на Шпанија (до 16 септември)
🎸 Алтернативно Скопје #5: LSD During War во La Kaña
17 јули (петок)
📽️ „Европа: Еден континент, пет света“ во Кинотека
📽️ Rooftop Open Air Cinema: The Guardians of the Galaxy во Skopje City Mall
🎻🩰 Скопско лето: „Звуците на големата степа“ – вечер на традиционална музика и танц од Казахстан во Паркот на Франкофонијата
🎸 Алтернативно Скопје #5: Grinsen во La Kaña
🎸 KALI JUGA и TMUR во паб „Sе“
18 јули (сабота)
📽️ „Деца на сонцето“ во Кинотека
📽️ Rooftop Open Air Cinema: DJ Ahmet во Skopje City Mall
🎻 Скопско лето: „Пеам – значи живеам“ концерт на аматерскиот женски хор „Фрида“ во Музеј на град Скопје
19 јули (недела)
🎻 Скопско лето: Камерен концерт „Вокално-пијанистички рецитал“ со Мирела Ди Вита и Сена Фини, во соработка со фестивалот „Модоарс“ во КИЦ
🎨 Работилница за изработка на накит од епоксидна смола во Мобилна/монтажна галерија
20 јули (понеделник)
📽️ „Ослободување на Скопје“ во Кинотека
📽️ Македонски филм. На големо платно: „Блок кратки анимирани филмови“ во Cineplexx
🎻 Скопско лето: Концерт „Дуо виолина и виолончело“ со Марко Поп Ристов и Исак Харачиќ во Музеј на град Скопје
21 јули (вторник)
📽️ Филмови на Трајче Попов во Кинотека
🎸 Joss Stone на Стадион на АРМ
🎸 „Џез за чудаци #37“ во паб „Ѕе“
🎈 Настани за деца
📽️ Во Cineplexx секој ден се прикажуваат Minions & Monsters, Toy Story 5 и Тhe Super Mario Galaxy Movie. Од 9 јули на репертоарот ќе биде додаден и Moana кај нас „преведен“ како Ваијана.
📽️ Во Киноверзум има проекции на Toy Story 5 и Minions & Monsters.
9 јули (четврток)
📚 🎨 Интерактивна читачкa работилница за деца: „(С)обувки“ во библиотека „Другарче“
10 јули (петок)
🎭 Скопско лето: „Тетка Марулка“ во Музеј на град Скопје
12 јули (недела)
🎤🎨 Голема летна забава со Биби и Боби во Diamond Mall
14 јули (вторник)
📚 🎨 Интерактивна читачкa работилница за деца: „Три желби“ во библиотека „Другарче“
16 јули (четврток)
📚 🎨 Интерактивна читачкa работилница за деца: „Чантата на мајка ми/Сакам јога“ во библиотека „Другарче“
🎨 Работилница „Заедно експериментираме“ во Џевахир мол
18 јули (сабота)
🎨 „Лето во боите на POSCA“ - креативната работилница во „Литература.мк“ во „Ист гејт мол“
Со мали отстапувања.
За ситничари, многу од овие градби технички не се на Рузвелтова, простете.



